Клуб Атлетико Минеиро или познат едноставно како Атлетико Минеиро е фудбалски тим од градот Бело Хоризонте, Минаш Жераис, основан на 25 март 1908 година.
Тие имаат освоено 45 официјални трофеи: од кој еден во новиот официјално фудбалско првенство на Бразил, Кампеонато Бразилеиро (во 1971) а на меѓународно ниво имаат освоено две првенства на CONMEBOL (во 1992 и 1997), додека во регионалното првенство, првененството на Минеиро, имаат освоено 41 наслов, а посленото било во мај 2012 година.