Историски архив (Куманово)
Архивот во Куманово е основан во 1954 година. Денес дејствува како одделение во состав на Државниот архив на Македонија.[1] Под негова надлежност се општините: Куманово, Липково, Старо Нагоричане, Крива Паланка, Ранковце и Кратово. Ова одделение работи во отежнати услови и во ненаменска зграда изградена кон крајот на 19 век, на ул. “Гоце Делчев” бр. 25 во Куманово. Особен проблем претставува сместувањето на архивскиот материјал.
Работата на одделението[уреди | уреди извор]
Одделението работи со 200 иматели. Тоа располага со 543 фонда и 8 збирки. Најстарите документи потекнуваат од 1870 година, а најголемиот дел од материјалот е создаден во периодот по Втората светска војна. Документите кои се чуваат во архивот во Куманово се со економска, социјална, културна и политичка содржина.
Одделението не располага со читална, а за таа намена се користaт работните простории.
Поважни фондови[уреди | уреди извор]
Поважни фондови на одделенито во Куманово се:
- „Градско поглаварство на градот Куманово“ (1918-1941)
- Народноослободителни и народни одбори на општините Кратово, Куманово и Злетово (1944-1965)
- Собранијата на општините Куманово, Крива Паланка и Кратово
- Политичките организации (1945-1990)
- Црковните фондови (1918-1941)
- Семејните и личните фондови (1894-1946)
Одделението има постојана архивска изложба „Куманово низ документи и фотографии“.
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2015-10-03. Посетено на 2016-01-18.
|