Знаме на Општина Чашка
Употреба | граѓанско знаме |
---|---|
Сразмер | 2:3 |
Знамето на Општина Чашка е официјалното знаме на оваа македонска општина кое било усвоено со последниот статут на општината.
Опис[уреди | уреди извор]
Знамето на Општина Чашка е правоаголно во форма и е поделено на два дела во дијагонален правец од горниот десен кон долниот лев агол. Горната лента е црвена боја, додека долната е во бела боја. На целата површина од знамето се наоѓа сонце со четири краци кои се протегаат од левата кон десната страна, додека дискот е во горниот лев агол. Сонцето е преземно од знамето на Македонија.[1]
Наводи[уреди | уреди извор]
Поврзано[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Оваа статија поврзана со Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |