Прејди на содржината

Захаринка Милосављевиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Захаринка (Вртаноска) Милосављевиќ
Роден 1943 (воз. 80–81 г.)
Прилеп, Царство Бугарија
Националност Македонка
Народност Македонка
Занимање Пејачка, радио водител
Сопружник Ненад Милосављевиќ

Захаринка Милосављевиќ (р. 1943 година во Прилеп) — македонска пејачка на народни песни и радио-водителка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Захаринка Милосављевиќ е родена во Прилеп во 1943 година. Таа се запишала на музичката школа на отсегот за виолина. Таа своите почетоци на 14-годишна возраст ги имала во Радио Прилеп, потоа како глумица се вработила во Народен театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Потоа се вработила во Радио Скопје како уредник и водител, кои поминува 40 години, и таму почнала и службено да се занимава со музика како самостојна пејачка, таа има снимано за Радио Скопје 155 песни. Нејзин сопруг е глумецот Ненад Милосављевиќ.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]