Жири
Жири (француски: jury) — комисија од стручни или од избрани лица што врши избор за рангирање или наградување на разни конкурси, изложби или натпревари.[1]
Потекло на поимот[уреди | уреди извор]
Зборот потекнува од францускиот збор „jury“.[2]
Формирање на жири[уреди | уреди извор]
Обично, жирито е формирано од стручњаци од областа на настанот, честопати победници на претходните вакви настани. Честопати се поканети не толку многу компетентни (во одреден предмет) луѓе, туку познати личности кои придонесуваат настанот да биде престижен и популарен. Понекогаш жирито вклучува политичари или стопанственици, кои за возврат му помагаат на настанот финансиски или на други начини.
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „жири“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ жири на семрежната страница на off.net
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
„Жири“ на Ризницата ? |