Долина на кактусите

Координати: 41°23′04″N 22°17′25″E / 41.38444° СГШ; 22.29028° ИГД / 41.38444; 22.29028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта
Долина на кактусите

Долина на кактусите — месност над селото Клисура, во југоисточниот дел на Македонија, каде се наоѓаат бројни кактуси засадени од семето, кое го донеле птиците-преселници.[1]

Месноста плени со шаренилото на кактусте, кои расцутуваат летно време со жолти цветови. Цутењето трае долго и може да се повторува повеќе пати во текот на годината.

Местоположба[уреди | уреди извор]

Месноста се наоѓа над демиркапиското село Клисура.

Пристап[уреди | уреди извор]

До месноста може да се дојде преку асфалтниот пат до самото село Клисура. По пристигнувањето во селото, при погледот на главната селска чешма, треба да се сврти десно кон главната селска црква „Св. Никола“. Ридот над црквата е всушност месноста „Долина на кактусите“.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Стратегија за развој на туризмот во Општина Демир Капија 2020-2024“ (PDF). Општина Демир Капија. Архивирано од изворникот (PDF) на 2021-05-21. Посетено на 18 септември 2021.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°23′04″N 22°17′25″E / 41.38444° СГШ; 22.29028° ИГД / 41.38444; 22.29028