Ветрен (Ќустендилско)

Координати: 42°3′N 22°46′E / 42.050° СГШ; 22.767° ИГД / 42.050; 22.767
Од Википедија — слободната енциклопедија
Ветрен
Ветрен is located in Бугарија
Ветрен
Ветрен
Координати: 42°3′N 22°46′E / 42.050° СГШ; 22.767° ИГД / 42.050; 22.767
ЗемјаБугарија
ОбластЌустендилска област
ОпштинаНевестино
Површина
 • Вкупна20.975 км2 (8,098 ми2)
Надм. вис.&10000000000000969000000969 м
Население (2022)
 • Вкупно8
 • Густина0,00.038/км2 (0,00.099/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Пошт. бр.2579
Повик. бр.07939
Рег. таб.КН

Ветрен (бугарски: Ветрен, до 1945 г. Вѣтренъ) — село во Ќустендилско, во општината Невестино, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото Ветрен се наоѓа во географската област Пијанец, јужно од градот Ќустендил, во подножјето на планината Осогово и е единственото село поделено со границата меѓу Бугарија и Северна Македонија - јужните маала го формираат селото Ветрен во општина Делчево.

Историја[уреди | уреди извор]

За прв пат селото се споменува во отомански регистар од 1576 година како Ветрене. Во 1866 година селото имало 64 домаќинства и 451 жители. Од 1878 година северните маала на селото се во границите на Кнежевство Бугарија. Во 1900 година во селото било отворено училиште, а во 1913 година била изградена училишната зграда. Црквата „Свети Петар и Павле“ била изградена во 1899 година. Во 1920 година била отворена поштенска станица, а во 1926 година било формирано читалиште „Просвета“. Во 1945 година била основана кредитната задруга „Пештера“. Во 1948 година започнало интензивно пошумување на околината на селото со борови шуми. Селото било електрифицирано во 1967 година, а било водоснабдено во 1968 година.

На почетокот на XXI век, како резултат на промените во земјата по 1989 година и зголемената миграција, населението се намалува. Од 11 маало, најоддалеченото е на околу 10 километри од центарот на селото. Повеќето од нив се веќе депопулирани.

Поврзано[уреди | уреди извор]

  • Ветрен — село во Северна Македонија

Надворешни врзки[уреди | уреди извор]