Бобан Стефковски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бобан Стефковски
Градоначалник на Општина Гази Баба
Лични податоци
Роден(а) 14 април 1984(1984-04-14)(40 г.)
Скопје, СР Македонија, СФРЈ
Националност Македонец
Партија ВМРО-ДПМНЕ

Бобан Стефковски (роден на 14 април 1984 во Скопје) ― македонски политичар и тековен градоначалник на Општина Гази Баба од ноември 2021 година.[1]


Биографија[уреди | уреди извор]

Основно и средно образовани го стекнал во Скопје. Дипломирал на Институт за одбранбени и мировни студии - Скопје при Универзитетот Св. Кирил и Методиј. На истиот факултет се стекнал со дипломата на магистерските студии, со одбрана на магистерската тема: Менаџмент на човечки ресурси во безбедносните институции во РМ.

Првото работно искуство го стекнал во Министерството за труд и социјална политика, како соработник во Сектор за поддршка на министер, а од 2017, до избор за градоначалник на Општина Гази Баба работел на место државен советник во Сектор за водење на прекршочна постапка од областа на работни односи и безбедност и здравје при работата.

Во периодот од 2009 - 2013 година бил член на Советот во Општина Гази Баба[2].

Бобан Стефковски во тек на своето образование и работа се стекнувал и со дополнителни знаења преку различни курсеви и едукативни единици; Обука за комуникациски вештини и деловно работење; Обука за млади лидери; Обука за менаџмент; Обука за дискриминација; Работилница за водење на прекршочни постапки- Академија за судии и јавни обвинители.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2021-12-28. Посетено на 2021-12-28.
  2. Гласило/Gazete, ЗЕЛС, 2021


Надворешни врски[уреди | уреди извор]

https://daily.mk/what/10474596/kurir-intervju-so-boban-stefkovski-pretsedatel-na-vmrodpmne-ok-gazi-baba-opshtinata-dovolno