Баџ
Баџ[1][2] ― баждарина; пазарна такса, наплатувана за купопродажба на стоки донесени на градските пазари.[3]
Се земала на градските порти, при влезот или излезот на стоката, но и самиот пазар. Таксата се наплатувала од: кола, товар (коњски или магарешки), вреќа, мешина, бисаги, сноп, кош, аршин (за платно) или број (за добиток, скапоцено крзно, роб) итн. На пазарот, таксата се земала и од продавачот или само од првиот, а изнесувала 2,5% од вредноста на стоката.[3]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „баџ“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „баџ“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ 3,0 3,1 Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 66. ISBN 9989-624-46-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help)