Бад Колберг-Хелдбург
Бад Колберг-Хелдбург (германски: Bad Colberg-Heldburg) — поранешен град во округот Хилдбургхаузен, во сојузната покраина Тирингија, Германија, кој постоел од 1993 до 2019 година. Од 2019 година претставува дел од новиот град Хелдбург.
Географија[уреди | уреди извор]
Местоположба[уреди | уреди извор]
Градот се наоѓа во крајниот југ на сојузната покраина Тирингија и бил најголем град во историско-географската област Хелдбургер Ланд.
Се наоѓал 16 километри јужно од окружниот град Хилдбургхаузен и 18 километри западно од градот Кобург.
Градски единици[уреди | уреди извор]
Бад Колберг-Хелдбург се состоел од следниве седум места:
- Бад Колберг
- Ајнед
- Гелерсхаузен
- Хелдбург, административното седиште
- Холцхаузен
- Линденау
- Фелкерсхаузен
Соседни општини[уреди | уреди извор]
Соседни општини пред укинувањето на градот биле: Вестхаузен, Штрауфхајн, Бад Родах, Умерштат, Зеслах, Хелинген и Гомпертсхаузен.
Историја[уреди | уреди извор]
Замокот Хелдбург бил првпат споменат во 1323 година како посед на грофовите од Хенеберг. Станал територија на Нирнберг во 1353 и во 1374 станал дел од имотите на династијата Ветин.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Бад Колберг-Хелдбург на Ризницата ?
|