Андриј Лисенко
Андриј Лисенко Андрій Лисенко | ||
Роден | Андриј Евменович Лисенко 30 ноември 1915 Днепар, Украина | |
---|---|---|
Починал | 14 ноември 1984 Киев, Украина | |
Националност | Украинец | |
Познат | преведувач и писател | |
Занимање | преведувач, писател и предавач. |
Андриј Евменович Лисенко (украински: Андрій Євменович Лисенко; 30 ноември 1915, Днепар (град) - 14 ноември 1984, Киев, Украина) — украински писател и преведувач на словенски јазици.
Животопис[уреди | уреди извор]
Лисенко е роден во семејство на сиромашни селани во Катеринослав (денес Днепар). Тој дипломирал на Днепропетроскиот институт за народно образование во 1933 година, а подоцна и во Киев во 1938. За време на неговата младост тој се обидел да ги напише своите први поеми и приказни.
Андриј Лисенко бил учесник и во Втората светска војна, каде бил тешко ранет. По војната, тој бил предавач на Универзитетот во Лавов, а подоцна работел и во Сојузот на украинските писатели.
Кариера[уреди | уреди извор]
Неговата работа од областа на литературата започнала во неговите педесетти години. Тој превел голем број на книжевни дела од различни словенски јазици на украински. Од бугарски, српско-хрватски, белоруски и руски тој превел романи, приказни и драми, но негов најголем успех е серија преводи од македонски јазик.
Така, Лисенко превел:
- „Село зад седумте јасени“ од Славко Јаневски;
- две големи приказни од Видое Подгорец;
- раскази од:
- Ѓорѓи Абаџиев,
- Томе Арсовски,
- Јован Бошковски,
- Вера Бужаровска,
- Борис Вишински,
- Ташко Георгиевски,
- Паскал Гилевски,
- Симон Дракул,
- Благоја Иванов,
- Србо Ивановски,
- Славко Јаневски,
- Лазо Каровски,
- Блаже Конески,
- Јордан Леов,
- Владо Малески,
- Цветко Мартиновски,
- Ката Мисиркова - Руменова,
- Томе Момировски,
- Ѓоре Напески,
- Оливера Николова,
- Бранко Пендовски,
- Видое Подгорец,
- Глигор Поповски,
- Миле Поповски,
- Слободан Рошковски,
- Коце Солунски,
- Јован Стрезовски,
- Иван Точко,
- Радмила Трифуновска,
- Коле Чашуле,
- Живко Чинго;
- поезија од:
43 приказни од 27 македонски автори преведени од Лисенко ја сочинуваат книгата „Македонска новела“ ( „Македонська новела“) испечатена во Киев во 1972 г. За оваа книга тој ја добил наградата „Златно перо“. Сè до неговата смрт тој преведувал и давал литературна критика на македонски писатели и дела.
Извори[уреди | уреди извор]
- П. М. Рудяков. Лисенко Андрій Євменович // Українська літературна енциклопедія. Київ: Українська енциклопедія імені М. П. Бажана, 1995, т. 3, с. 174.
- Л. Проценко. Київський некрополь. Київ: Український письменник, 1994, с. 293.