Јазо Панчевиќ
Јазо Панчевиќ ( 1919 во Далмација, Хрватска — 1944 во Кушкулија, Струмичко) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис[уреди | уреди извор]
Завршил Трговска академија. Уште пред војната се населил во Скопје и работел како службеник во „Керамика“. Како симпатизер на Народноослободителната борба, учествувал во извршувањето на бројни илегални акции во Скопје. Во април 1944 година, заминал во Кумановско и станал борец на Треттата македонска ударна бригада, во чии редови се истакнал во борбите против бугарскиот и германскиот окупатор. Во мајската офанзива 1944 година храбро загинал во борбата против бугарските фашистички воени единици кај селото Кушкулија, Струмичко.[1]