Ѓорѓи Колозов
Ѓорѓи Колозов | ||
Роден | 26 февруари 1948 Богданци, НР Македонија, ФНРЈ | |
---|---|---|
Починал | 13 октомври 2003 Скопје, Македонија | (возр. 55)|
Националност | Македонец | |
Народност | Македонец | |
Познат | по улогата во: Македонски народни приказни Трст виа Скопје Нели ти реков Јуначко колено Тетовирање Во светот на бајките Каца Последниот фалцер Смилевскиот конгрес Од зад грб | |
Занимање | глумец | |
Сопружник | Шенка Колозова | |
Деца | Катерина Колозова |
Ѓорѓи Колозов (26 февруари 1948 во Богданци – 13 октомври 2003 во Скопје) — македонски глумец, еден од најпознатите глумци во Македонија, најзапаметен е по неговите извонредни толкувања на разни типски ликови од народно творештво како цар, кадија, чорбаџија, селанец, па дури и како Господ. Уживал популарност и во македонската дијаспора, во Австралија, Соединетите Држави, како и во соседните држави на Балканот.
Образование[уреди | уреди извор]
Дипломирал на Академијата за драмска уметност (денес Факултет за драмски уметности), на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 1973 година.
Кариера[уреди | уреди извор]
По дипломирањето, тој бил во постојан работен однос со Македонскиот народен театар.
Неговата популарност била резултат на неговото долгогодишно искуство и мошне популарната македонска ТВ-серија „Македонски народни приказни“ засновани на збирката народни преданија издадени во XIX век од собирачите на македонски народни умотворби како Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓи Пулевски и други. Овие приказни имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, националната историја и за правото и моралот на Македонците.
Почнувајќи од 1984 година, со серијата која првично била насловена како „Легенди и преданија“, па од 1986 до 2003 година како телевизиска серија „Македонски народни приказни“ во продукција на МРТ, имал снимено околу 300 епизоди.
Во Драмата на Македонскиот народен театар се вработил во 1975 г. На оваа сцена имал остварено позначјани улоги во претставите: „Од многу ум“, „Андрокле и лавот“, „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Воена тајна“, „Мрестење на краповите“, „Слободни врски“, „Валпургиска ноќ“, „Рекламна бајка“ и други.[1]
Настапил во повеќе играни филмови како во македонска продукција така и во продукција на Вардар Филм во периодот на поранешна СФРЈ, меѓу кои: „Македонскиот дел од пеколот“, "Нели ти реков", "Истрел", „Тетовирање„ и други.
Во 2016 година од страна на Државниот архив на Република Македонија биле објавени документи според кои Ѓорѓи Колозов бил следен од страна на Управата за државна безбедност во времето кога бил студент[2].
Филмографија[уреди | уреди извор]
Година | Филм | Улога | |
---|---|---|---|
1970-ти▲ | |||
1971 | Македонскиот дел од пеколот ТВ-филм | Партизан | |
1972 | Истрел ТВ-филм | ||
1973 | Смилевскиот конгрес ТВ-филм | Христо Узунов | |
1975 | Волшебното самарче ТВ-серија | ||
1975 | Јад ТВ-филм | ||
1977 | Нели ти реков ТВ-филм | ||
1978 | Златни години ТВ-серија | ||
1979 | Наши години ТВ-серија | ||
1980-ти▲ | |||
1980 | Учителот ТВ-филм | ||
1981 | Црвениот коњ ТВ-филм | ||
1981 | Милион Маченици ТВ-филм | ||
1982 | Илинден ТВ-серија | ||
1982 | Едно лето ТВ-серија | ||
1983 | Записник ТВ-филм | ||
1983 | Кога тетин Клименте шеташе над градот | Меанџијата | |
1984 | Исчекување ТВ-филм | ||
1984 | Нели ти реков ТВ-филм | Учителот | |
1984 | Исповед на таксистот ТВ-филм | ||
1984 | Јуначко колено ТВ-серија | Чакмак-ефенди | |
1984 | Белото Циганче ТВ-серија | ||
1984-1985 | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
1984-1985 | Легенди и преданија | ||
1985 | Случки од животот ТВ-серија | Ставре | |
1985-1986 | Крале Марко јунак стана ТВ-серија | Дедото | |
1985 | Ајде да се дружиме ТВ-серија | Поце Кокале | |
1985 | На наш начин ТВ-серија | ||
1985 | Од зад грб ТВ-филм | ||
1986-1992 | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
1987 | Случки од животот ТВ-серија | Ставре | |
1987 | Македонски балади ТВ-серија | Јанкула, Александар Турунџев | |
1987-1990 | Трст виа Скопје ТВ-серија | Ристо Кабџеш | |
1987 | Народни трибуни | Васил Главинов | |
1987-1988 | Чук, чук, Стојанче ТВ-серија | ||
1988 | Марика лета со авион ТВ-филм | ||
1988-1991 | Тврдокорни ТВ-серија | Дервишот | |
1989-1993 | Еурека ТВ-серија | ||
1990-ти▲ | |||
1990 | Весела математика ТВ-серија | ||
1990-1994 | Во светот на бајките ТВ-серија | ||
1991 | Елелига Пепелига ТВ-серија | ||
1991 | Поштар ТВ-филм | Поштар 1 | |
1990-1991 | Опстанок ТВ-серија | Селанец | |
1991 | Тетовирање ТВ-филм | Лале | |
1992 | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
1992 | Чудовиштата во нашиот град ТВ-серија | Џинот Карузо | |
1992 | Последната Македонска елегија ТВ-филм | ||
1992 | Време, живот ТВ-филм | ||
1993-1995 | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
1994 | Пред дождот ТВ-филм | ||
1994 | Прекалени ТВ-серија | ||
1994-1995 | Бумбари ТВ-серија | ||
1995 | Во светот на бајките ТВ-серија | ||
1995 | Бус за Дус ТВ-серија | ||
1995-1997 | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
1996 | Батко Гого нема Пари ТВ-филм | / | |
1996-2000 | Во светот на бајките ТВ-серија | ||
1998-2000 | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
1999 | Време, живот ТВ-филм | ||
1999 | Каца ТВ-филм | Трајче | |
2000-ти▲ | |||
2000-2001 | Светот има осум страни ТВ-серија | / | |
2000-2003 | Македонски народни приказни ТВ-серија | ||
2001 | Прашина ТВ-филм | Комиташ | |
2003 | Последниот фалцер ТВ-филм | Грбавиот |
Награди[уреди | уреди извор]
- Награда „13 Ноември“
- Награда „Ристо Шишков“
- Награда за уметник на годината според анкетата на Екран
- Награна „Војдан Чернодрински“
- Награда за најпопуларно ТВ-лице според анкетата на Екран
- Награда „11 Октомври“
- Награда на весникот „Дневник“ од Нови Сад, за улогите во „Македонски народни приказни“
- Награда „Васил Иљоски“
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Мазов, Иван (1982) Сцената и Човекот. Скопје: Книгоиздателство Култура, 1-4 том
- ↑ http://sitel.com.mk
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
- Ѓорѓи Колозов на Семрежната филмска база на податоци (англиски)