Научно скопоне

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Научно скопоне“ (италијански: Lo scopone scientifico) — италијански филм од 1972 година во режија на Лујџи Коменчини (Luigi Comencini), снимен според сценариото на Родолфо Сонего. Во главните улоги настапуваат: Бет Дејвис (Bette Davis), Алберто Сорди (Alberto Sordi), Силвана Мањано (Silvana Mangano), Џозеф Котен (Joseph Cotten) и Антонела Демаџи (Antonella Demaggi).[1]

Заплет[уреди | уреди извор]

Секоја година, богатата грофица (ја игра Дејвис) повикува по едно сиромашно семејство на партија скопоне (игра со карти). Влогот во играта е богатството на грофицата, а таа победува секогаш. Меѓутоа, една година, поканетото семејство се стекнува со нејзиното богатство, но веднаш потоа го губи во играта. Грофицата заминува на аеродром, препуштајќи ги Пепина и Антонио на нивните соништа за повторна победа. Но, нивните пет деца имаат други планови...

Наводи[уреди | уреди извор]