Лисиче (населба во Скопје)

Координати: 41°57′26″N 21°32′15″E / 41.95722° СГШ; 21.53750° ИГД / 41.95722; 21.53750
Од Википедија — слободната енциклопедија
Лисиче

Населбата гледана од Џевахир.

Лисиче во рамките на Македонија
Лисиче
Местоположба на Лисиче во Македонија
Лисиче на карта

Карта

Координати 41°57′26″N 21°32′15″E / 41.95722° СГШ; 21.53750° ИГД / 41.95722; 21.53750
Општина Аеродром
Шифра на КО 25169
Надм. вис. 237 м
Лисиче на Ризницата

Лисиче — населба во Општина Аеродром, во источниот крај на градот Скопје.

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Карта
Карта на Лисиче.

Лисиче е урбанизирана населба во источниот дел на градот Скопје, на 4 км оддалеченост од центарот на Скопје. Се наоѓа на десниот (јужниот) брег на реката Вардар. На исток Лисиче се граничи со населбата Горно Лисиче, на север со Реонски Центар, на северозапад со населбата Аеродром и на запад со населбата 11 Октомври.

Историја[уреди | уреди извор]

Лисиче почнало да се гради како бараки после земјотресот во Скопје во 1963 година. Населбата била наменета за Скопјани, кои им биле урнати домовите. Потоа поголемиот дел на Скопјани се вратиле во новоизградените станови во Скопје. По отселувањето на Скопјани, луѓето од внатрешноста започнуваат да се доселуваат.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Општествени установи[уреди | уреди извор]

На територијата на населбата Лисиче се наоѓа ОУ „Димитар Македонски“. Училиштето било основано во 1964 годинa[1] и го носело името ОУ „Сава Ковачевиќ“. Истото било изградено по земјотресот како училиште од монтажен тип, и било донација од Република Франција. Во 2020 започнала неговата реконструкција.[2]

Во населбата има детска градинка „Буба Мара“ која работи во два клона - клон “Пчелка 1“ кој се наоѓа на улицата „Грамос“, блиску до трговскиот центар и вториот клон “Пчелка 2“ кој е понов објект и се наоѓа на улицата „Аврора“, на влезот во населбата. Во градинката престојуваат 275 деца. Во текот на 2012 година се извршила реконструкција на покривот, прозорците и на санитарните јазли[3].

Во центарот на населбата, се наоѓа зградата на Секторот за прекршоци - Полициската станица „Лисиче“. Овој објект во минатото бил полициски интернат.

Во населбата работи и библиотеката „Рајко Жинзифов“ како подружница на Градска библиотека “Браќа Миладиновци“ - Скопје.[4]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Населба Лисиче, општина Аеродром - организација на избори[5][6]
Број на избирачко место Установа кадешто се наоѓа Женски гласачи Машки гласачи Регистрирани гласачи
2725 ОУ „Димитар Македонски“ 326 339 665
2726 ОУ „Димитар Македонски“ 236 263 499
2727 ОУ „Димитар Македонски“ 404 441 845
2729 ОУ „Димитар Македонски“ 53 50 103
2730 ОУ „Димитар Македонски“ 563 572 1135
2731 ОУ „Димитар Македонски“ 399 408 807
2732 ОУ „Димитар Македонски“ 821 834 1655
Вкупно 2.802 2.907 5.709


На парламентарните избори во 2024 година, гласале вкупно 3.774 жители, каде 66% од гласовите освоила Коалицијата “Твоја Македонија“ ВМРО-ДПМНЕ, 9% Коалицијата за европска иднина - СДСМ и 14% партијата Левица.[7]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Димитар Македонски“. www.aerodrom.gov.mk. Посетено на 2021-03-07.
  2. Македонија, 11/06/2020 | (2020-06-11). „Се гради училиштето „Димитар Македонски" во населба Лисиче“. ПУБЛИКУМ. Архивирано од изворникот на 2021-08-05. Посетено на 2021-03-07.CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори (link)
  3. „Буба Мара - клон „Пчелка 2". www.aerodrom.gov.mk. Посетено на 2021-03-07.
  4. „ЈУ Градска библиотека "Браќа Миладиновци" - Скопје“. www.gbsk.mk. Посетено на 2021-03-07.
  5. Состојба 5.2024.
  6. „Избирачки список“.
  7. „Резултати парламентарни избори 2024 - 08.05.2024“. line feed character во |title= во положба 36 (help)[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]