Џумабос

Координати: 41°17′43″N 22°40′54″E / 41.29528° СГШ; 22.68167° ИГД / 41.29528; 22.68167
Од Википедија — слободната енциклопедија
Џумабос

Воздушен поглед на местоположбата на селото Џумабос

Џумабос во рамките на Македонија
Џумабос
Местоположба на Џумабос во Македонија
Џумабос на карта

Карта

Координати 41°17′43″N 22°40′54″E / 41.29528° СГШ; 22.68167° ИГД / 41.29528; 22.68167
Регион  Југоисточен
Општина  Дојран
Област Беласица
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2461
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06033
Надм. вис. 320 м
Џумабос на општинската карта

Атарот на Џумабос во рамките на општината
Џумабос на Ризницата

Џумабос — село во Општина Дојран, во областа Беласица, во југоисточниот дел на Македонија. Денес, од селото нема никакви видливи остатоци.

Потекло и значење на името[уреди | уреди извор]

Името на селото потекнува од турскиот топоним Џумаа Обаси, што се поврзува со турскиот збор „сита“ со значење молитва в петок во џамија или во поново време петок и пазар, како и турскиот збор „оба“ со значење голем шатор со преграда или привремено местожителство на група номаци (Јуруци).[2]

Географија и местоположба[уреди | уреди извор]

Воздушен поглед на местоположбата на селото

Селото се наоѓа во крајниот северозападен дел на територијата на Општина Дојран, а северозападно од Дојранското Езеро, чиј атар се допира со територијата на Општина Валандово (на еден тесен дел). Селото е ридско, сместено на надморска височина од 320 метри.

Селото се наоѓа во ридски предел на планината Боска. На мало растојание (350 метри воздушна линија) е селото Дурутли, кое се наоѓа североисточно од него преку долот на месниот поток.

До селото води земјен пат, кој се двои од локалниот пат кој води до валандовските села Башибос и Бајрамбос, кој пак се двои од регионалниот пат 1105 кај селото Раброво и продолжува како локален пат преку селото Чалакли.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Селото не поседува сопствен атар, туку е вклучено во атарот на селото Дурутли.

Население[уреди | уреди извор]

Население во минатото
ГодинаНас.±%
194866—    
195387+31.8%
196141−52.9%
19718−80.5%
19810−100.0%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 14 домаќинства со 26 жители муслимани.[3]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Џумабос живееле 65 жители, сите Турци.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци.[5]

Во периодот по Втората светска војна, населението на Џумабос доживеало пораст, но во 1950-тите почнало да се намалува и до 1961 година тоа се преполовило. Во текот на таа деценија е забележан многу голем пад на бројноста на жителите, при што во 1971 година се заведени само 8 жители, а во текот на истата деценија селото сосема се испразнило.

Според пописот од 2002 година, Џумабос немало ниеден жител.[6] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 65 66 87 41 8 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Самоуправа и политика[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век, Џумабос било чисто турско село во Дојранската Каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Дојран, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Стар Дојран.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Башибос, во која покрај селото Џумабос се наоѓале селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Дурутли, Кочули, Куртамзали, Органџали и Севендекли. Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Севендекли, во која влегувале селата Дурутли, Севендекли и Џумабос.

Избирачко место[уреди | уреди извор]

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 0381 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Куртамзали. Во избирачкото место се опфатени населените места: Дурутли, Куртамзали, Органџали, Севендекли, Чаушли и Џумабос.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 120 гласачи.[12] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 115 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Реки

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 201. ISBN 978-608-220-026-2.
  3. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 194-195.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 163.
  5. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 8 јануари 2020.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-01-02. Посетено на 8 јануари 2020.
  13. „Резултати“. Државна изборна комисија. Посетено на 21 април 2024.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]