Броеви (во јужнословенската митологија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Во јуќнословенска митологија, впрочем, како и во другите броевите и нивно значење имаат огромна улога при обредните, предвидувачките, апотропејните и др. елементи, при што нивната симболика и толкувањето на истата е мошне различна.

Парни и непарни броеви[уреди | уреди извор]

Кога е во прашање симболиката на парни и непарни броеви во нашата древна митолошка мисла состојбата е посебно интересна. Како среќни броеви се сметаат парни (чифт), а како несреќни непарни (лихо). Но, од друга страна непарните броеви се строго поврѕани со најголем број на обреди, гатања, ѕадгробен живот и др. кај нашите предци. Посебно се инсистирало на непарен број при бирањр на сватови, гости, јајца кои се ставале под носилката, жарчиња при баење, користење камчиња, јагленчиња и др. елементи при гатање. При обредните поворки: коледари, лазарки, додоле и др. исто така најчесто се практикувал непарен број, но од друга страна, непарниот број е својствен и ѕа бројот на приѕраци, ѓаволи и други зли битија. Непарен број имал и хтоничен карактер, па елементите кои се поврѕувале со погребни обреди имале непарен број. Што е во поново време потполно променето. Парните броеви се сврѕани со страните на светот, аглите на куќата, четри страни на крстот. Во древните времиња ѕа домашната употреба се купувале парни броеви предмети (ламби, садови, и сл), дури и кога немало потреба од толкав број.

Број три (3)[уреди | уреди извор]

Три е еден од оние броеви на кој му се придодадени највеќе значења поврзани со најважните чинители на животот, на природата, изгледот на митолошките битија: постојат три света на небото, на земјата и под земјата; светото тројство е принцип на христијанската религија, православно крстење е со три прсти; три глави имаат натприродните битија Триглав, Тројан, аждер, змеј, самовили имаат три златни, волшебни влакна во косата; бројот три е најчесто сретнуван во народната наратива: три брата, три јунаци, три цара, три сестри, три невести; претставува и мошне честа мера ѕа критични периоди три дена, три недели, три години; познато е дека за решавање на некој голем проблем претстојат три задачи, три препреки; три се Наречници (ја прорекуваат судбината на новороденчето и др.