Домашна мрежа

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Home network)

Домашна мрежа или домашна компјутерска мрежа е локална компјутерска мрежа во еден дом. Таа се користи за комуникација меѓу дигиталните уреди во домот, како лични сметачи и други уреди, како печатачи и мобилни компјутерски уреди. Уредите во домашната мрежа го делат пристапот на интернет, кој е најчесто од кабелските телевизии или DSL услужниците. Исто така во домашната мрежа може да се користи и домашен опслужувач, за поголема функционалност.

Домашната мрежа може да користи жичена или безжична технологија. Жичената технологија најчесто користи заштитени или незаштитени телефонски кабли, најчесто од Категорија 3 или Категорија 6, но исто така може да користи и коаксијални кабли или веќе постоечките електрични кабли низ домот.

Најчесто, домашната мрежа користи безжична радиосигнална технологија, и тоа мрежата 802.11 која е сертифицирана од IEEE. Повеќето уреди кои поддржуваат безжично поврзување работат на мрежите 802.11b и 802.11g на честота од 2.4 GHz и мрежата 802.11а на честота од 5 GHz. Некои од уредите од домашната мрежа ги поддржуваат и работат на сите овие мрежи и спаѓаат во стандардната 802.11n мрежа.

Безжичната мрежа се користи за комуникација помеѓу уредите, за поврзување на Интернет или за поврзување со жичените мрежи кои користат Ethernet технологија. Wi-Fi е официјален сертификат за 802.11 технологијата од IEEE. Wi-Fi Alliance ги врши тестирањата и сертификацијата на уредите кои поддржуваат безжична комуникација.

Како алтернатива на безжичното поврзување, се користи веќе постоечкото домашно поврзување (со коаксијални кабли во Северна Америка, со телефонски и електрични кабли во Европа и Соединетите Американски Држави) кое може да се искористи како мрежен медиум. При поставување на домашната мрежа, наједноставно може да се постави со едноставно приклучување на компјутерот во струја. ITU-T G.hn и IEEE Powerline стандардите кои поддржуваат локално мрежно поврзување со голема брзина (до 1 Gbit/s), поставено со помош на веќе постоечкото домашно поврзување, се примери за домашна компјутерска мрежа. IEEE работат на нов стандард P1901 кој сакаат да биде препознаван во светот како единствен стандард за сите идни уреди кои ќе бидат дел од секоја домашна компјутерска мрежа.

Мрежни Уреди[уреди | уреди извор]

Пример за едноставна домашна компјутерска мрежа

Домашната мрежа може да ги содржи следниве уреди:

Инфраструктурни Уреди[уреди | уреди извор]

  • Модем за поврзување со Интернет (или DSL Модем кој користи телефонска линија или кабелски модем кој користи поврзување со кабелски интернет).
  • Насочувач или Насочувач, поврзан помеѓу модемот и остатокот од мрежата.
  • Уред за безжично поврзување кој се користи за безжично поврзување на уредите во мрежата.

Кориснички Уреди[уреди | уреди извор]

  • Личен сметач или повеќе лични сметачи вклучувајќи и лаптопи, Netbooks и Tablet лични сметачи.
  • Периферни уреди за забава – голем број на уреди кои може да бидат дел од домашната мрежа, вклучувајќи ги и DVD плејерите, дигиталните аудио плејери, играчките конзоли, стерео системите како и ТВ уредите.
  • Интернет Телефони.
  • “Паметни” телефони кои поддржуваат безжично поврзување.
  • Мрежен мост кој поврзува две различни мрежи.
  • Мрежен хаб/свич – мрежен центар кој поврзува повеќе мрежни уреди.
  • Network Attached Storage – уред кој се користи за складирање во мрежата.
  • Печатачски опслужувач се користи за поделба на печатачите меѓу компјутерите во мрежата.

Мрежни Медиуми[уреди | уреди извор]

Ethernet каблите се стандардни медиуми за мрежите. Сепак, домашните мрежи се посложени за поврзување од канцелариските мрежи, и развиени се други технологии кои не бараат нови кабли.

Домашните мрежи користат:

  • Ethernet кабли Категорија 5 и Категорија 6 – за брзини од 10 Mbit/s, 100 Mbit/s и 1 Gbit/s.
  • Wi-Fi Безжично локално мрежно поврзување – за брзини до 450 Mbit/s, во зависност од јачината на сигналот и безжичните стандарди.
  • Коаксијални кабли – за брзини од 270 Mbit/s до 320 Mbit/s.
  • Електрично поврзување - за брзини од 14 Mbit/s до 200 Mbit/s.
  • Телефонско поврзување – за брзини од 160 Mbit/s.
  • Оптички влакна, иако ретко, во новите домови се вградуваат оптички влакна за употреба во иднина. Оптичките мрежи најчесто користат Ethernet.
  • Сите домашни мрежни поврзувања (коаксијални, електрични или тлефонски кабли) – идни стандарди за брзини до 1 Gbit/s се развиваат од страна на ITU-T.

Ethernet и Безжичниот се најчести стандарди.

Домашна Поврзаност[уреди | уреди извор]

Предизвици[уреди | уреди извор]

Слабеење на Безжичниот Сигнал[уреди | уреди извор]

  • Јачината на Безжичниот сигнал може да не е доволно силен да ја покрие целата куќа или да стигне до сите спратови од некоја зграда или куќа со повеќе спратови.

Шумови во жиченото поврзување[уреди | уреди извор]

  • Еден од најголемите предизвици на оние кои го користат домашното елекрично поврзување за мрежно поврзување е како да се справат со електричните “шумовите” кои се јавуваат при користење на електричните кабли за трансвер на податоци. Секогаш кога ќе се вклучи или исклучи некој уред, тој создава “шумови” кои се потенцијална препрека или причина преносот на податоци преку електричните кабли да биде прекинат. IEEE работи на развивање и произведување на технологии, стандарди и уреди со кои се надминува овој проблем.

"Протекувачки" Wi-Fi[уреди | уреди извор]

  • Безжичните сигнали се нерамномерно распространети и честопати не ги покриваат сите делови од домот, создавајќи дупки (каде што сигналот е многу слаб или воопшто го нема) каде што најмалку очекуваме, или пак сигналот испаѓа од границите на домот и овозможува пристап до домашната мрежа на други луѓе, што овозможува пристап до приватни податоци. Најраспространета и најкористена превентива е автентикација, енкрипција или VPN, со што се бара лозинка за пристап до домашната мрежа.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]


Надворешни врски[уреди | уреди извор]