2005 YU55 (астероид)
2005 YU55 е астероид од групата Аполо, тип Ц, со ширина од 396 метри, откриен на 28 декември 2005 година од американскиот астроном Роберт МекМилан. На 8 и 9 ноември 2011 година, астероидот ќе помине меѓу Земјата и Месечината[1], на растојание од 0.85 месечеви единици или 325.000 километри од Земјата и претставува потенцијално опасен астероид[2]. Последен пат, астероид со слични димензии поминал на толку мало растојание од Земјата во 1976 година (астероид 2010 XC15 на 0.5 месечеви единици).
Содржина |
Проценка на можноста за паѓање на Земјата [уреди]
|
|
|
|
| Анимација на траекторијата на астероидот 2005 YU55 споредена со орбитите на Земјата и Месечината на 8 и 9 ноември 2011. |
Астероидот 2005 YU55 има елипсовидна орбита околу Сонцето со период на орбитирање од 1.22 години и ги сече орбитите на планетите Венера и Земја. Во април 2010, со испитувањата на радио телескопот Аресибо, согласно пресметките за неговата орбита, беше потврдено дека нема опасност од пад на астероидот на површината на Земјата во наредните 100 години. Така, од категорија 1 во Торинската скалата во февруари (астероиди кои минуваат близу до Земјата, без опасност од пад), во април беше преместен во категорија 0 (никаква можност од пад на површината на Земјата).
Минување меѓу Земјата и Месечината [уреди]
На 9 ноември 2011 година во 00:28 часот средноевропско време (23:28 по Гринич), астероидот безбедно ќе помине меѓу Земјата и Месечината, на растојание од 0.85 месечеви единици (0.00217 астрономски единици). На 9 ноември 2011 година, во 08:13 часот по средноевропско време, астероидот ќе помине на растојание од 239.000 километри од Месечината (0.00160 АЕ). Во тој период, астероидот ќе има магнитуда на видливост 11 и ќе биде видлив од Земјата со помош на двогледи и телескопи со објективи над 80 милиметри.
Слични астероиди [уреди]
Во 2028 година астероидот наречен (153814) 2001 WN5 (дијаметар 700-1.500 метри) ќе помине на растојание од 248.000 километри од Земјата (0.00166 АЕ)[3].
Наводи [уреди]
- ↑ „Астероидот 2005 YU55 ќе се доближи до Земјата на 8 ное. 2011 (PG)“. NASA. 10.03.2011. http://neo.jpl.nasa.gov/news/news171.html. проверено на 07.11.2011.
- ↑ „(2005 YU55) (PG)“. NASA. 21.04.2010. http://ssd.jpl.nasa.gov/sbdb.cgi?sstr=2005YU55. проверено на 07.11.2011.
- ↑ „JPL Small-Body Database Browser (PG)“. NASA. 27.08.2011. http://ssd.jpl.nasa.gov/sbdb.cgi?sstr=2001WN5;cad=1#cad. проверено на 07.11.2011.
