(153958) 2002 AM31

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од 2002 AM31 (астероид))

Астероидот 2002 АМ31 е близуземско тело со пречник 620-1400 метри, класифициран во групата Аполо.[1][2] 2002 АМ31 кружи околу Сонцето во елипсеста орбита и ги сече орбитите на Земјата и на Марс.

Астероидот 2002 АМ31 во април, на 22 јули и во октомври

На 23 јуни 2012, почнувајќи од 01:07 часот по македонско време, астероидот ќе се доближи до планетата Земја на оддалеченост од 5.200.000 километри (13.7 месечеви единици или 0.0351 астрономски единици).

Заради својата големина, астероидот 2002 AM31 се наоѓа во групата “потенцијално опасни астероиди“ бидејќи во иднина може да претставува закана за Земјата.

Историја[уреди | уреди извор]

Астероидот 2002 АМ31 е откриен на 14 јануари 2002 година во Ново Мексико, САД. Утврдено е дека ротира околу сопствена оска за 3ч. 25 мин.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Одлики на астероидот JPL Small-Body Database Browser. NASA. 2002. Посетено на 22 јули 2012.
  2. Одлики на астероидот, NASA. NASA. 2002. Посетено на 22 јули 2012.