Кречетало

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Чкртало)

Кречетало[1] или чкртало – детски идиофоничен удирачки дрвен инструмент. Го прават самите деца напролет од врбово дрво. Има четири главни делови – четириаголна рамка, јазиче, запченик и рачка со оска што го врти запченикот. При вртење на запченикот со рачката, јазичето удира од еден во друг забец на запченикот и така се произведува брзо чкртање со остар звук. Децата се забавуваат натпреварувајќи се преку создавање најсилен звук.[2]

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „кречетало“Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Македонска енциклопедија, том I. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 758. ISBN 978-608-203-023-4.