Протуѓер

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Телал)
Поштенска картичка со протуѓер во Провинстаун, Масачусетс

Протуѓер[1][2] или телал[3][4] — официјално лице што јавно ги соопштува вестите.

Обврски и функции[уреди | уреди извор]

Протуѓерот ги соопштувал вестите на улица со викање. За да го сврти вниманието на јавноста пред да ги соопшти вестите, чукал на барабан што го носел со себе. Во западните земји носел ѕвоно наместо барабан, а подоцна добил и посебна облека. На Балканот, вообичаено протуѓерите носеле кокарда со знакот на државата.

Друго значење на телал[уреди | уреди извор]

Телал значи и продавач на ситнурии и на стари, половни работи.

Наводи[уреди | уреди извор]