Статично сечење

Од Википедија — слободната енциклопедија

Статично сечење (static slicing) е техника за софтверско одржување, која се користи за да се идентификува целиот програмски код кој може на каков било начин да влијае на вредноста на некоја дадена променлива.

Врз основа на оригиналната дефиниција на Марк Вајсер, формално кажано, статично програмско парче S се состои од сите изрази во програмата со произволно име P, кои можат да влијаат на вредноста на променливата v во некоја точка p.

Парчето (slice) е дефинирано во однос на критериумот за сечење (slicing criterion) C=(x,V), каде x е изразот во програмот P, а V е подмножество на променливи во P.

Статично сечење ги вклучува сите изрази кои влијаат на променливата v за множеството на сите можни внесувања на вредности. Статичните парчиња (static slices) се пресметуваат со наоѓање на последователни множества на индиректно релевантни изрази, во согласност со податоците и контролните зависности.

Оваа техника е генерално корисна при пренапишување (refactoring) на програмскиот код и беше особено корисна во решавање на проблемите со Y2K.