Кирхофови закони за електрично коло

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
За други Кирхофови закони видете Кирхофови закони - (појаснување)

Кирхофовите закони за електрично коло се два закони кои се засноваат на запазувањето (конзервацијата) на електричниот полнеж во електричното коло, и првпат се опишани во 1845. од физичарот Густав Кирхоф. Наоѓаат широка примена во електротехниката, и заедно со Омовите закони ја претставуваат основата за анализа на електричните кола.

И двата закони може да се изведат од Максвеловите равенки, кои се откриени подоцна.


Содржина

[уреди] Прв Кирхофов закон - Закон за струјата

Првиот Кирхофов закон се однесува на електричните струи низ елементите на разгрането електричното коло што се врзани за иста јазолна, т.е. спојна точка во разгранети електрични кола. Тој гласи:

Алгебарскиот збир на јачините на струите на која било дадена јазолна точка (јазол) на разгрането електричното коло е еднаков на нула. 

(Јазoлна точка е точка во која се спојуваат три или повеќе струјни гранки на некое електрично коло.)

Струјата што влегува во некоја точка е еднаква на струјата што излегува од таа точка:i1 + i4 = i2 + i3.

Од аспект на конзервација на полнежот, истиот закон може да се изрази и вака:

Во секоја точка на електричното коло кадешто густината на полнежот не се менува со времето, сумата на струите кои течат кон и од таа точка е нула.

Математички, законот може да се изрази вака:

\sum {I} = 0\, (во даден јазол)

[уреди] Втор Кирхофов закон - Закон за напонот

Вториот Кирхофов закон е последица на принципот на конзервација на енергијата. Во случајот на електричното коло, тоа значи дека:

Насочениот збир на електричните потенцијални разлики во затворено струјно коло мора да е нула. 

(Во спротивно би било можно да се направи перпетум-мобиле машина.)

Збирот на сите напони во колото е нула. v1 + v2 + v3 + v4 = 0

Ако се земе предвид дека електричниот потенцијал е дефиниран како линиски интеграл врз електричното поле, Кирхофовиот закон за напонот може да се изрази со следнава равенка:

\oint_C \mathbf{E} \cdot d\mathbf{l} = 0,

која вели дека линискиот интеграл на електричното поле околу затворена контура C е нула.

[уреди] Видете и


[уреди] Референци

  • Paul, Clayton R. (2001). Fundamentals of Electric Circuit Analysis. John Wiley & Sons. ISBN 0-471-37195-5. 
  • Serway, Raymond A.; Jewett, John W. (2004). Physics for Scientists and Engineers (6th ed.). Brooks/Cole. ISBN 0-534-40842-7. 
  • Tipler, Paul (2004). Physics for Scientists and Engineers: Electricity, Magnetism, Light, and Elementary Modern Physics (5th ed.). W. H. Freeman. ISBN 0-7167-0810-8. 

[уреди] Надворешни врски