Голф опрема

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

За играње на голф постои разна опрема.

Палки[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Голф палка.
Палки од секоја група

Играчот обично носи неколку палки во играта (но не повеќе од 14, според правилата). Постојат три главни видови на палки: дрва, железа и вметнувачи (патери). Клиновите се железа кои се користат за пократки удари. Дрвата се користат за подолги удари од подметката или фервејот, и понекогаш во грубиот терен, додека пак железата се за прецизни удари од фервеи и од грубиот терен. Постојат и „хибридни“ дрва кои ги комбинираат правоударните карактеристики на железата со лесно подигачките карактеристики на понакосените дрва. Често се користат за подометни удари. Хибридите се користат и за играчи кои имаат потешкотии со подигање на топката во воздух со подолги железа. Киновите се користат на потешки места како песок или груб терен и за приодни удари кон зеленилото. Вметнувачите главно се користат на зеленилото, но корисни се и во бункери или за некои приодни удари. Вметнувачот има минимална накосеност, за топката да може да се тркала по површината при удар.

Рачки[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Голф рачка.

Рачката се наоѓа помеѓу главата и дршката. Профилот ѝ е кружен по поблик и таа е подебела кај дршката отколку кај главата. За нејзина изработка се користи било каков црвст и лесен материјал. Денес речиси сите рачки се изработуваат од графит или кален челик. Некои играчи сметаат дека затеснувањето на рачката е важно. Тоа може да биде мазно или скалесто.

Правилата дозволуваат рачката на вметнувачот да биде искривена на извесни начини, но сите други палки мора да бидат прави.

Топчиња[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Голф топче.
Голф топче со тврда гумена срцевина (споредена со монета од €1)

Минималниот дозволен дијаметар на топче за голф изнесува 42.67 mm, а не смее да е потешко од 45.93 g. Современите топчиња може да се двослојни, трислојни или четирислојни, направени од разни синтетички материјали. По површината има 300-400 дупчиња за подобра аеродинамика. Методите на изработка и материјалите во голема мера влијаат врз играта со топката - на дометот, траекторијата, на вртежот и осетот. Потврдите материјали како Сурлин, обично даваат поголем домет, додека помеките облоги како Балата, даваат повеѓе вртеж, повеќе осет и поголем потенцијал за запирање. Голф топчињата се делат на три групи зависно од изработката: двослојни, трислојни и четирислојни. Четирислојните се најскапи, иако цената не е сигурен показател за квалитет. Постојат и топки со вграден уред за радиофреквентна идентификација, што им овозможува на играчите лесно да ги лоцираат топките со рачен трагач. Првите голф топки се правеле од кожа со пердуви.

Друга опрема[уреди]

Голф торби[уреди]

Палките се носат во голф торби. Направени се од најлон или кожа во цилиндричен облик околу пластична рамка. Имаат неколку џебови за носење на разна опрема и други потребности за една партија голф. Торбите можат да се носат, да се влечат на голферски носач со две тркала или да се стават на моторизирана голф количка. Имаат рачка за рака и ремен за околу рамо, а понекогаш и ногарки на расклопување за да можат да седат исправени за време на играта.

Одбележувачи на топчиња[уреди]

На теренот топчето може да се подигне за чистење или ако му пречи на противникот при вметнување; неговата местоположба потоа мора да се обележи со одбележувач (обично сплескано кружно парче пластика или монета).

Голф колички[уреди]

Играчите и торбите можат да се пренесуваат во голф колички. Тоа се моторизирани возила на кои се возат луѓето и се стават торбите.

Ракавици[уреди]

Пар чевли за голф

Голферите носат ракавици против плускавци. Обично се носи само една (лева за деснаци, десна за леваци).

Чевли[уреди]

За голф се носат посебни чевли со менливи шилци, со цел за подобро држење на зеленило и воопшто на влажни услови.

Вила[уреди]

Мала вила се користи за поправање на вдлабнатината која топчето ја прави паѓајќи на земја. Некои подметки имаат ваква алатка на крајот. За поправка на вдлабнатината, алатката се пикнува до одбележувачот и се притиска нагоре од сите страни, разлабавувајќи го набиениот бусен за брзо растење на тревата, а потоа се зарамнува со мазното рамно дно на вметнувачот за израмнување на површината за вметнување.

Подметки[уреди]

Подметки (ти) за поткревање и потпора на топчињата

Подметките за голф (наречени ти) личат на клинци со мали чашки врз нив и се прават од дрво или пластика. Подметката е предмет кој се пикнува во трева и топчето се става врз него за полесен удар; меѓутоа ова се дозволува само при првиот удар за секоја дупка.