Аврски културен центар

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Вулкан (Авр))
Вулканот, 2019
Вулканот, 2019
2019
2019

Аврски културен центар (француски: Maison de la culture), познат и како Вулкан (француски: Le Volcan) — културен центар којшто се наоѓа спроти плоштадот Шарл де Гол во Авр.

Проектиран е од Оскар Нимаер и е отворен во 1982 година.[1].

Опис[уреди | уреди извор]

Самата зграда има специфична форма инспирирана од индустриските градби - најчесто, разладните кули на термоцентралите.

Внатрешниот простор е целосно проектиран според потребите на современ ентериер сооодветно на наменета. Целосно е изведена во натур-бетон со пренапрегнато армирано железо. Затворена е од сите страни во еден вид бетониран бункер со широк отвор на горната страна од каде што доаѓа дневната светлина[2].

Стилски одлики[уреди | уреди извор]

Оскар Нимаер е еден од најзначајните архитекти на дваесеттиот век. Ова е едно од поексцентричните и послободни негови дела. Во својот уметнички израз Нимаер во неа потполно го употребува излиениот бетон со кој ја формирал севкупната фасада. Тоа е израз кој ќе биде суштинска визура во модернистичката архитектура со планетрана распространетост. Како еден од главните творци на овој архитектонски израз со смелоста, фантазијата, концизноста, органичноста и синтезата, Нимаер го развива до совршенство меѓународниот архитектонски модернистички стил. Неговиот архитектонски израз не само што ќе изврши големо влијание на генерации светски архитекти, туку и во голема мера ќе придонесе за новата архитектонска визура во светски рамки.[3].

Литература[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]