Википедија:Програма „ГЛАМ“
Програмата „ГЛАМ“ е една од трите главни програми од кои е составена годишната програма и делување на Викимедија МКД. Ова е проектна страница каде може да се прочитаат активностите поврзани со програмата ГЛАМ преземени и сработени од Википедијанците и членови на Викимедија МКД. Опис[уреди извор]ГЛАМ е кратенка од првите букви на англиските зборови за галерија (gallery), библиотека (library), архив (archives) и музеј (museum) и во википедијанскиот свет ги означува активностите кои се поврзани во соработка со овие и други сродни институции и организации. Програмата ГЛАМ е една од главните програми на кои работи здружението Викимедија МКД. Проектот има за цел да помогне во подобрување на постоечките и создавање на нови статии од различни области и теми преку соработка со институции кои се напоменато погоре. Темите се разновидни, се подобрува содржината од различни области со директна помош и соработка со јавни инстуции кои ги опфаќа поимот „ГЛАМ“. Цели[уреди извор]Програмата вклучува проекти засновани врз соработка со јавни институции со цел да се идентификуваат нови форми на знаење, да се ослободат содржините заштитени со авторски права и да се обезбеди подобар пристап до бесплатно знаење. Оваа програма е поделена на три потпрограми: ГЛАМ, Партнерства и Отворени владини податоци. Историја[уреди извор]Резултати[уреди извор]Сработеното од опсегот на работите под програмата „ГЛАМ“, вклучително со сите нејзини активности и потпрограми, е прикажан по години подолу. 2024 година[уреди извор]Поврзано[уреди извор] |