Бесплатни семрежни клубови во Република Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Бесплатните семрежни клубови се отворени согласно проектот „Светот на дланка” во рамките на програмата на Владата на Република Македонија во областа на информатичко општество преку кој се обезбедуваат бесплатни семрежни (интернет) услуги и приближување на информациско - комуникациските технологии до граѓаните. Според програмата и динамиката на проектот, досега во два наврати во повеќе градови низ Република Македонија беа отворени бесплатни семрежни клубови со што им се овозможи на сите заинтересирани граѓани слободен пристап до семрежјето и користење на останатите услужни компјутерски апликации за професионални или лични потреби. Проектот има за цел намалување на дигиталниот јаз меѓу населението во Република Македонија, зголемување на навелгувањето на семрежјето и вклученоста на граѓаните во информатичкото општество.

Согласно програмата за работа, во клубовите се вработени вкупно 32 информатичари, кои покрај завршено соодветно образование имаат и понапреднати познавања од областа на информатиката, со што се подготвени стручно да ги извршуваат секојдневните обврски од работата (одржување на комјутерите, техничка помош на посетителите итн.).

Отворени бесплатни семрежни клубови во Република Македонија[уреди | уреди извор]

Во првата фаза, во 2007 година беа отворени семрежни клубови (по еден) во 15 поголеми градови во Република Македонија, и тоа во Скопје, Битола, Охрид, Прилеп, Тетово, Гостивар, Кичево, Куманово, Крива Паланка, Кочани, Неготино, Демир Капија, Кавадарци, Ресен и Гевгелија.

Во втората фаза, во 2009 година дополнително беа отворени уште 7 нови семрежни клубови, во следните градови: Дебар, Кратово, Крушево, Македонски Брод, Радовиш, Свети Николе и Штип, при што се води сметка за регионалното опслужување на корисниците на семрежјето.

Адреси[уреди | уреди извор]

Место Адреса Работно време
Велес ул. 8 Септември бр.86 09:00 - 17:00
Битола ул. Столарска бб - Комплекс Безистен локал бр.16 09:00 - 17:00
Тетово ГТЦ бр.90/1 09:00 - 17:00
Охрид Бул. Туристичка - мини базар Слобода 09:00 - 17:00
Прилеп ул. Борка Талески бр.46 09:00 - 17:00
Гостивар ул. Браќа Гиновски бр.17 09:00 - 17:00
Кичево ул. 4 јули бр.188, локал 1/2 08:00 - 22:00
Неготино ул. Маршал Тито бр.192,локал 5 09:00 - 17:00
Куманово ул. Доне Божинов бр.24 09:00 - 17:00
Кочани ул, Роза Петрова 3-3 09:00 - 17:00
Кавадарци ул. Благоја Крстиќ бр.3 локал 2 08:00 - 22:00
Штип ул. Кирил и Методиј б.б.(позади ТЦ Нама) 09:00 - 17:00
Свети Николе ул. Ангел Трајчев бр. 28 09:00 - 17:00
Дебар ул. Урфи Атоли бр.9 09:00 - 17:00
Радовиш ул. 22 октомври бр.76 09:00 - 17:00
Гевгелија Бул. Гевгелија бб локал 14 08:00 - 22:00
Крушево ул. Маршал Тито бр.16 08:00 - 22:00
Липково с. Оризаре 09:00 - 17:00
Демир Капија ул. 11 октомври бб/2 локал 1 08:00 - 22:00
Крива Паланка ул. Маршал Тито бр.163 08:00 - 22:00
Кратово ул. Јосиф Даскалов бр.34 08:00 - 22:00
Ресен ул. Мите Богоевски бр.7 локал бр.9 08:00 - 22:00

Работно време[уреди | уреди извор]

Во зависност од бројот на вработените во семрежните клубови, усогласено е и работното време на клубот. Така, онаму каде што е вработено едно лице, достапноста на клубот е во текот на 8 работни часа, од 09 до 17 часот, пет работни дена во неделата; во клубовите каде има две вработени лица достапноста на клубот е од 08 до 22 часот во текот на 5 работни дена во неделата.

Обуки[уреди | уреди извор]

Податотека:Poseta na internet klub.jpg
Посета на министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски во бесплатниот семрежен клуб во Скопје

Покрај секојдневното сервисно опслужување со семрежни услуги, во бесплатните семрежни клубови во неколку наврати се реализираа бесплатни обуки за работа со компјутери. Обуката ја изведуваа квалификувани информатичари-демостранти, а согласно потребите на слушателите предавањата се изведуваа на македонски и албански јазик. Исто така, се обрнува внимание и за приоритетна застапеност на слушателите од социјално загрозените категории како и на лицата со посебни потреби. Во 2012 година обуките ги посетиле 1067 лица. Покрај бесплатните обуки за работа со компјутери, во мај 2013 година, во семрежните клубови започна прв циклус на обуки за изработка и објава на содржини на Википедија.

Извори[уреди | уреди извор]