Банана република

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Банана република е пејоративен термин за мала, често латино-американска или карипска држава која е политички нестабилна, зависна од земјоделието и владеена од мала, богата и корумпирана клика која е на власт благодарение на поддршката, воена и економска, на САД. Во поширока смисла, терминот „банана република“ може да се примени надвор од назначениот регион за секоја земја чија надворешна и внатрешна политика е зависна од надворешни фактори.

Автор на терминот „банана република“ е американскиот хуморист О. Хенри, кој него го употреби мислејќи на Хондурас, познат по своето производство на банани и по доминацијата на неговото производство на банани од американските компании „Јунајтед фрут“ и „Стандард фрут“. Овие компании доста често се мешаат во внатрешните работи на Хондурас со цел на власт да биде гарнитура која ќе делува во корист на нивните бизнис интереси.

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици