Акциски потенцијал

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Акциски потенцијал е потенцијал на движење. Тој настанува кога до мембраната на невронот ќе дојде одредена дразба и таа ќе го потикне преминувањето на Na и K јони. Na јони од надворешната страна на мембраната преминуваат во внатрешната страна при што потенцијалот се зголемува од -90mV на -70mV, додека K јони од внатрешната страна преминуваат на надворешната страна од мембраната и се достигнува потенцијал од +35mV. Процесот што протекува при создавањето на акцискиот потенцијал се вика деполаризација.
Акцискиот потенцијал започнува на дендритот на постсинаптичкиот неврон и се шири долж телото на невронот и се движи во насока накај аксонот, до синапсата на невронот, каде се ослободуваат одредени невротрансмитери кои поминуваат низ меѓусинаптичката празнина и се сврзуваат со одредени рецептори во постсинаптичкиот неврон, при што се ексцитира или инхибира акцискиот потенцијал на постсинаптичкиот неврон.

Видете исто така[уреди]

Мембрански потенцијал