Прејди на содржината

Nucleus ambiguus

Од Википедија — слободната енциклопедија
Напречен пресек низ продолжениот мозок во висина на средината на оливите. Број 11 го означува Ncl. ambiguus.

Nucleus ambiguus е збир на нервни клетки (јадро) во областа на тегментумот на продолжениот мозок.

Се работи за висцеромоторно јадро, чии аксони го напуштаат мозокот и се упатуваат до целните органи преку неколку нерви: глософарингеалниот нерв (IX. нерв), вагалниот нерв (X. нерв) и акцесорниот нерв (XI. нерв). Дел од нервните клетки на ова јадро управуваат со мускули на непцето, голтникот и гркланот, додека друг дел од нив се одговорни за парасимпатичката инервација на срцето. Невроните на ова јадро не формираат анатомски јасно разграничена структура - оттаму и името на ова јадро: лат. ambiguus=двосмислено или „нејасно“.

Анатомија[уреди | уреди извор]

Nucleus ambiguus е парно јадро и се наоѓа во ростралниот и латерален дел на продолжениот мозок, сместен вентрално и во непосредна близина до Nucleus dorsalis nervi vagi. Јадрото се состои од два дела:[1]

  • дорзален дел, одговорен за моторната инервација на мускулите на мекото непце, голтникот, хранопроводот и гркланот и
  • вентролатерален дел, одговорен за парасимпатичка инервација на срцето. Овие неврони претставуваат преганглиски парасимпатички неврони, познати и како „кардио-инхибиторен центар“[2]. Аксоните на овие неврони патуваат до срцето преку вагалниот нерв. Овие неврони се дел од рефлексниот лак на барорефлексот и во случај на покачен крвен притисок влијаат врз намалување на срцевата фреквенција (=парасимпатички одговор).
Дијаграм на мозочното стебло од задната страна во фронталната рамнина со ромбичната јама како под на четвртата мозочна комора во центарот на сликата, под неа лево на сликата Nucleus ambuguus (означено со црвено).

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Stewart, Patricia A.; Akesson, E. J. (1997). Autonomic nerves : basic science, clinical aspects, case studies. Raleigh, North Carolina. ISBN 978-1-60795-956-4. OCLC 1030303150.
  2. Schubert, R.; Brandes, R. (2019). Brandes, Ralf; Lang, Florian; Schmidt, Robert F. (уред.). Regulation des Gesamtkreislaufs (германски). Berlin, Heidelberg: Springer. стр. 257–272. doi:10.1007/978-3-662-56468-4_21. ISBN 978-3-662-56468-4.