Kraljica (песна)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Kraljica“ (македонски: Кралица) е песна од хрватската поп пејачка Јелена Розга. Песната е издадена во 2015 и се наоѓа на третиот студиски албум на пејачката, насловен Moderna žena (2016). Песната е напишана од парот Хуљиќ, односно музичарот и продуцент Тончи Хуљиќ и неговата сопруга, поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. Аранжманот е завршен од страна на Хуљиќ и музичарот Лео Шкаро.