„Briga me“ (македонски: Гајле ми е) е песна од хрватскиот поп бенд Магазин. Издадена е во 1998 година, а се нашла на тринаесеттиот студиски албум на бендот, односно на вториот студиски албум на бендот со Јелена Розга како главна пејачка, насловен Da si ti ja (Да си ти јас). Како и најголемиот број песни на албумот, песната е напишана од страна на хрватскиот музичар и композитор Тончи Хуљиќ и поетесата и текстописец Вјекослава Хуљиќ. За да ја промовира песната, бендот има снимено и музичко видео.