39М Чаба

Од Википедија — слободната енциклопедија
Оклопен автомобил 39М Чаба
⌊⌊⌊⌊4⌋⌋⌋⌋
Оклопен автомобил 39М Чаба
Типтежок оклопен автомобил
ПотеклоКралство Унгарија
Употребна историја
Војни⌊⌊⌊⌊1⌋⌋⌋⌋
Производна историја
Варијанти⌊⌊⌊⌊2⌋⌋⌋⌋
Тех. особености (typical ⌊⌊⌊⌊3⌋⌋⌋⌋)

Оклопен автомобил 39М Чаба е унгарски тежок оклопен автомобил од Втората светска војна.

Историја[уреди | уреди извор]

М39 Чаба било единствено оригинално унгарско оклопно возило во Втората светска војна, дизајнирано во 1936 година од унгарскиот инженер Миклош Штрауслер (1891-1966), кој во текот на војната работел за Велика Британија. Името го добило по синот и наследникот на Атила Бич Божји.[1] Првата тура од 61 возило нарачана е во фабриката WM од Будимпешта во 1939 година, и била спремна за почеток на Операцијата „Барбароса“. Втората тура од 32 возила (вклучујќи 12 командни) била испорачана во 1941 година, додека третата тура за во 1942 година била откажана.[2]

Особености[уреди | уреди извор]

Возилото имало модерен погон на сите 4 тркала и двајца возачи, од кои едниот бил свртен наназад. Куполата за 2 члена на посадата била наоружана со против-тенковската пушка 36М со калибар од 20 мм (со 200 метци), со впрегнат митралез 34/37А со калибар од 8 мм (со 3.000 метци). Од 93 возила, 12 биле командантски возила наоружани само со митралез, но со далекусежно радио и антена во форма на рамка.[2]

Во борба[уреди | уреди извор]

М39 Чаба бил предвиден како извидувачко возило на моторизираните единици. Возилото било модерно за тоа време и се движело добро надвор од патот, но страдало од многу тенок оклоп, додека полуавтоматската ПТ пушка и давала мала огнена моќ. Дизајнирано за мали простори за средна и западна Европа, се покажало како неотпорно за подолги растојанија на руските степи, каде задниот возач не му бил баш од корист.[2] Првата тура од 61 оклопни автомобили, организирани во ескадрони (секој со по 12 возила и со по еден командант) во состав со моторизирана бригада, учествувала во Операцијата „Барбароса“ од почетокот. Во декември 1941 година овие единици се повлечени од фронтот со само 17 преживеани возила. Искуството во борба покажало дека неговиот оклоп и наоружување се преслаби за било што освен за извидување. Во декември 1942 година на Дон, Првата коњаничка бригада ги изгубила сите 18 возила. До летото 1944 година војската имала само 48 оклопни автомобили, кои биле поделени во водови од по 4 и распоредени по пешадиските девизии. Во јуни 1944 година повторно учевстувале во борбите во Галиција, по што нивниот број сосема опаднал. Ниту едно возило не ја преживеало војната.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „39M Czaba“. www.tanks-encyclopedia.com (англиски). Посетено на 23 мај 2018.
  2. 2,0 2,1 2,2 Ness 2002, стр. 121

Литература[уреди | уреди извор]

  • Ness, Leland (2002). Jane's-World War II Tanks And Fighting Vehicles-The Complete Guide. London: HarperCollinsPublishers. стр. 121. ISBN 978-000711228-9.