17 јануари (главна страница 2011)
Изглед
1377 | Папа Григориј XI од Авињон го врати средиштето на римокатоличките поглавари во Рим. |
1562 | На сила стапува едиктот од Сен Жермен со која се признати хугенотите (протестанти) во Франција. |
1773 | Англискиот морепловец Џејмс Кук со бродот „Резолушн“ прв го премина Антарктичкиот круг. |
1939 | Со учество на многу жандарми и војници во Велес беа задушени тридневните демонстрации на монополските работници и на другите граѓани. Демонстрациите имаа големо економско и политичко значење во тоа време. |
1945 | Втора светска војна: Советските сили ја ослободуваат Варшава, главниот град на Полска |
1961 | По налог на Моис Чомбе, белите платеници го убија законскиот конгоански премиер Патрис Лумумба, творец на конгоанската независност и херој на „црна Африка“. |
1995 | Катастрофален земјотрес го потресува градот Кобе, Јапонија, предизвикувајќи огромна материјална штета и убивајќи 6,433 лица. |
1996 | Во Скопје и во Атина се отворени канцелариите за врски на Република Македонија и на Република Грција. |
Родени:
1504 | Папа Пиј V, римски папа. |
1706 | Бенџамин Франклин, американски политичар и дипломат, работник, печатар, филозоф и државник. |
1899 | Ал Капоне, американски гангстер. |
1924 | Благоја Талески, македонски државник. |
1942 | Мохамед Али, американски боксер. |
1962 | Џим Кери, канадски глумец. |
1966 | Љубчо Георгиевски, премиер на Република Македонија (1998-2002). |
Починати:
395 | Теодосиј I, римски цар. |
1468 | Скендербег, албански национален херој. |
1598 | Фјодор I, руски цар. |
1864 | Марко Павлов, првиот дипломиран македонски лекар. |
2010 | Михалис Папаконстантину, грчки политичар. |
2008 | Роберт Фишер, американски шаховски велемајстор. |