Црква „Св. Мина“ - Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Мина

Поглед кон црквата

македонска православна црква
Епархија Скопска
Архијерејско намесништво Скопско
Местоположба

Карта

Место Центар
Општина Центар
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Мина
Изградба 1902
Рушење 1963
Архитектонски опис

Свети Мина — поранешна црква во Скопје. Се наоѓала до соборната црква „Света Богородица”.

Историја[уреди | уреди извор]

Црквата била изградена во 1902 година под влијание на грчката (односно влашката) и српската пропаганда и која за време на Првата светска војна била претворена во коњска штала. На идеја на Митрополитот скопски Јосиф и директорот на банката „Вардар“, Милан Јовановиќ-Стојмировиќ, биле урнати двете кули на црквата. Во 1935 година била обновена и претворена во Црковен музеј на Скопската епархија. Имала 250 м2 корисна површина и во неа требало да бидат чувани икони, фрески и друго[1]. Целосно настрадала во земјотресот во 1963 година. Оваа црква за МПЦ-ОА е значајна, бидејќи во неа е донесена Одлуката за самостојност на МПЦ - потврдена преку отслужувањето на заедничка архијерејска литургија со српскиот патријарх Герман, на 19 јули 1959 година и истовремено била извршена и хиротонија на преспанско-битолскиот владика Климент (Трајков).[2] Во 2008 година, постоела иницијатива да биде возобновена црквата[3], или евентуално целиот комплекс како музеј.[4][5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Црковни музеј у Скопљу већ је скоро довршен, “Вардар” 9 декември 1935, 2.
  2. „Историја на Македонската православна црква“. Посетено на 2012-04-07.
  3. „Трифун Костовски предлага да се обнови „Свети Мина". Дневник. 4 февруари 2008. Посетено на 2012-04-07.
  4. „Центар за музика“. МДЦ АРХИТЕКТОНИКА. Архивирано од изворникот на 26 октомври 2009. Посетено на 2012-04-07.
  5. Мартина Штериова (22 јули 2021). „Црква „Св. Мина" / 1902“. marh.mk. Архивирано од изворникот на 5 август 2021. Посетено на 19 мај 2024.