Хексода

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хексода - RENS1234 Телефункен
Триода-хексода ACH1 (осцилатор-миксер)

Хексода – вид на електронска цевка со шест електроди сместени во стаклен или мтален балон со вакуум.

Загреаната катода емитува електрони кои одат кон позитивната анода. Решетките кои се наоѓаат меѓу катодата и анодата овозможуваат регулација на струјата во цевката и нејзина употреба во улога на мешач на сигналите, обично во локален осцилатор на радиоприемник.

Историја[уреди | уреди извор]

За историјатот да се погледа статијата Електронска цевка.

Начин на работа и опис[уреди | уреди извор]

Со оглед дека на експоненцијалните пентоди им бил потребен голем регулационен напон, за потребите на регулација на високофреквенциско засилување и мешање во локалниот осцилатор во меѓуфреквенцискиот степен на радиоприемникот воведена е хексодата.

Оваа електронска цевка има две контролни решетки, G1 и G3. На G1 се доведува наизменичен напон кој врши прво управување на анодната струја. Другата контролна решетка G3 исто така врши управување на анодната струја. Заедно ти го модулираат протокот на електрони низ цевката и така е постигнато едноставно мултипликативно мешање на сигналите. Ова мешање го смалува бројот на хармоници во излезниот сигнал во однос на диодното или транзисторското мешање, бидејќи се генерираат само честоти суми и разлики, а не нивните хармоници.

Пример на ваква цевка е АН-1.

Примена[уреди | уреди извор]

Хексодите обично се користени во меѓуфреквенцискиот степен во локалниот осцилатор на радиоприемниците.

Симбол[уреди | уреди извор]

Симбол на хексода со индиректно загревана катода е прикажан на сликата.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]