Франко Модиљани

Од Википедија — слободната енциклопедија
Франко Модиљани
Неокејнзијанска економија
Роден18 јуни 1918(1918-06-18)
Рим, Кралство Италија
Починал25 септември 2003(2003-09-25) (возр. 85)
Кембриџ, Масачусетс, САД
НационалностИталијанец, Американец
Полефинансиска економија
Алма матерЊу Скул
Влијанија одЏон Мејнард Кејнс, Џејкоб Маршак
Влијаел врзЖак Дрезе
Роберт Шилер
Вилијам Барнет
ПридонесиТеорема Модиљани-Милер
Хипотеза за животен циклус
МПС модел
Информации на IDEAS/RePEc

Франко Модиљани (италијански: Franco Modigliani; 18 јуни 1918 во Рим25 септември 2003 во Кембриџ) — италијански економист, кој добил американско државјанство, професор на Масачусетскиот технолошки институт, кој ја освоил Нобеловата награда за економија во 1985 година.

Живот и кариера[уреди | уреди извор]

Роден во железничка колонија, Модиљани ја напуштил Италија поради неговото еврејско потекло и антифашистичките погледи. Најпрвин заминал за Париз со семејството на неговата тогашна девојка, Серена, со која се оженил во 1939 година, а потоа во САД. Од 1942 година предавал на Универзитетот Колумбија и колеџот Бард како предавач по економија и статистика. Во 1944 година станал доктор на науки на Њу Скул под водство на Џејкоб Маршак. Во 1946 година станал натурализиран граѓанин на САД, а во 1948 година се приклучил на Универзитетот Илиноис.

Кога бил професор на школата за индустриска администрација на Универзитетот Карнеги Мелон во 1950-тите и раните 1960-ти, Модиљани објавил два многу важни придонеси за економијата:

  • Заедно со Мертон Милер ја создал важната теорема Модиљани-Милер во корпоративните финансии (1958). Оваа теорема покажува дека под одредени претпоставки, вредноста на фирмата не е погодена дали е финансирана од капиталот (акции) или долг (обврзници).
  • Исто така бил предводник на хипотезата за животен циклус, која се обидела да го објасни нивото на штедење во економијата. Модиљани предложил дека потрошувачите ќе целат на стабилно ниво на потрошувачка во текот на нивниот животен век, на пример штедејќи во работните години и трошејќи по нивното пензионирање.

Во 1962 година се приклучил на Масачусетскиот технолошки институт, каде останал до неговата смрт. ВО 1985 година ја добил наградата на МИТ, „Џејмс Килијан“.[1]

Модиљани исто така бил соавтор на книгите „Основите на финансиските пазари и институции“ и „Пазари на капитал: Институции и инструменти“ со Френк Фабоци од Јејл.

Во 1990-тите години се здружил со Френсис Виталјано да работат на нова кредитна картичка и исто така му помогнал да се спротивстави на промените во патентното право кое било на штета на пронаоѓачите.

Тој е соавтор на Rethinking Pension Reform (2009) и заедно со Арун Миралидар, го критикувале моделот на приватизација на социјалното осигурување предложена од Светската банка (во 1990-ти) и претседателот Буш во раните 2000-ти години и понудиле подобра алтернатива за глобална реформа на системите за социјално осигурување.

Модиљани бил член на „Економисти за мир и безбедност“.[2]

Збирка на трудовите на Модиљани се наоѓа во библиотеката Рубенстајн на Универзитетот Дјук.[3]

Многу години живеел во Белмот, Масачусетс, а починал во Кембриџ, Масачусетс.

Библиографија[уреди | уреди извор]

  • Модиљани, Франко (2001). Авантури на економист. Лондон, Њујорк: Texere. ISBN 1-58799-007-5.
  • Фабоци, Френк; Франко Модиљани; Мајкл Фери (1998). Основи на финансиските пазари и институции. Prentice Hall. ISBN 0-13-686056-7.
  • Фабоци, Френк; Франко Модиљани (1996). Пазари на капитал: Институции и инструменти. Prentice Hall. ISBN 0-13-300187-3.
  • Модиљани, Франко; Ендру Абел; Сајмон Џонсон (1980). Собрани трудови на Франко Модиљани. Кембриџ, Масачусетс: MIT Press. ISBN 0-262-13150-1.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Fabozzi, Frank J.; Frank J. Jones; Franco Modigliani (2010). Foundations of Financial Markets and Institutions (Fourth Edition). Pearson Education, Inc. стр. Dedication. ISBN 0-13-613531-5.
  2. „Франко Модиљани“. Princeton.
  3. „Franco Modigliani Papers, 1936–2005 and undated, bulk 1970s–2003“. Rubenstein Library, Duke University.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Викицитат има збирка цитати поврзани со: