Трката била освоена од Тадеј Погачар од ОАЕ Тим Емирати, станувајќи само трет возач во историјата кој ги освоил Тур де Франс и Трката околу Фландрија. Откако нападнал на второто качување на Ауде Кваремонт и Копенберг за да ја намали групата, Погачар нападнал на последното искачување на Ауде Кваремонт на околу 18 километри до целта за да ги отфрли неговите соперници, со што возел сам до целта за победа на неговиот трет различен велосипедски монумент и четврти вкупно.[3][4] Второто место му припадналото на минатогодишниот победник, Матје ван дер Пул од Алпесин-Декојнинк, 16 секунди зад Словенецот. Ван дер Пул, заедно со Ваут ван Ерт, биле единствените возачи кои можеле да го следат Погачар по првичните негови напади. Ван дер Пул се издвоил од Ван Ерт откако забрзал на Крајсберг пред да се случи клучниот напад на Словенецот. Третото место го освоил Мадс Педерсен од Трек-Сегафредо откако ја претекнал групата составена од седум возачи за да го заземе местото на подиумот. Педерсен бил дел од група која се одвоила по Моленберг на околу 100 километри до крајот, одржувајќи водство од три минути пред главните фаворити. Педерсен ја нападнал групата на околу 30 километри до крајот, пред да биде фатен и поминат од Погачар и Ван дер Пул на второто искачување на Ауде Кваремонт.[5][6]
Филип Мачејук од Тим Бахреин Викториус бил дисквалификуван во првата половина на трката откако предизвивал „огромен инцидент“ кога се вратил на патот.[7] Многу од главната група паднале во падот,[3] при што Петер Саган и Тим Веленс ја напуштиле трката.[7] Мачејук подоцна се извил за неговата постапка, наведувајќи „Ова не требаше да се случи и беше голема грешка во мојата проценка“.[7]
Бидејќи Трката околу Фландрија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[8] Седум професионални континентални екипи биле дополнително поканети, со што била заокружена главната група од 25 екипи.[9]