Томислав Николиќ (партизан)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Томислав Николиќ
Роден 1918 година
Честелин, Бујановац, Србија
Починал мај, 1943 година
Островици, Скопска Црна Гора

Томислав Арсо Николиќ ( 1918 Честелин, Бујановац, Србија1943 во Островици, Скопска Црна Гора) — српски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Произлегува од земјоделско семејство. Завршил основно училиште и се занимавал со земјоделство. Од средината на 1942 година, работел за Народноослободителното движење. Извршувал разни задачи покажувајќи упорност и верност кон ослободителното движење. Бил ангажиран во собирањето на храна, облека и други материјали потребни за партизанските одреди. Со група другари, во мај 1943 година заминал во Јужно-моравскиот партизански одред. Истиот месец со група партизани добил задача да се пробие во Скопска Црна Гора со цел да воспостави врска со тамошните партизански одреди. Извршувајќи ја оваа задача бил заробен од балистите и стрелан кај селото Островици. Бил закопан на местото каде што загинал.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 104–105. На |first= му недостасува |last= (help)