Стојан Талески

Од Википедија — слободната енциклопедија

Стојан Т. Талески (1922 во Грешница, Порече — 10 октомври 1944 во Струга) македонски партизан, учесник во НОБ.

Животопис[уреди | уреди извор]

Стојан Т. Талески бил роден во 1922 година во селото Грешница кај Македонски Брод. По занимање бил општ работник. Во август 1944 година влегол во составот на Првата македонско-косовска ударна бригада. Загинува како борец на 15та поречка бригада на 10 октомври 1944 година при борбите за ослободување на Струга.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. . Ристески, Милан (1982). Порече низ историјата. Скопје: Нио ,,студенски збор. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)