Прејди на содржината

Статуа на кралот Филип IV Шпански

Координати: 41°53′51″N 12°29′55″E / 41.89750° СГШ; 12.49861° ИГД / 41.89750; 12.49861
Од Википедија — слободната енциклопедија
Статуа на кралот Филип IV Шпански
Творец Џан Лоренцо Бернини
Година 1664–66 (1664–66)
Вид Скулптура
Материјал Бронза
Тематика Филип IV Шпански
Место базилика „Голема Богородица“, Рим

41°53′51″N 12°29′55″E / 41.89750° СГШ; 12.49861° ИГД / 41.89750; 12.49861

Статуа на кралот Филип IV Шпанскибронзена скулптура на италијанските уметници Џан Лоренцо Бернини и Џироламо Лученти која го прикажува Филип IV Шпански, која се наоѓа во базиликата „Голема Богородица“ во Рим.

Бернини го развил првичниот дизајн и го надгледувал проектот, додека Лученти го создаде моделот и ја излеал бронзата, но „статуата на секој начин е резултат на постапка кој вклучува последователни естетски и технички придонеси од двајцата уметници“.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Кралот Филип IV е прикажан како војсководец во историска облека, облечен во кураса, наметка и чизми. Во десната рака држи жезол додека ја потпира левата рака на рачката од мечот. Неговата поза е доловена во претеран контрапостолен став, со главата свртена кон десно и погледот насочен надвор од подигнатиот жезол, создавајќи впечаток дека тој ќе издаде команда. Скулптурата го прикажува кралот како јунак, отелотворувајќи ги квалитетите на воин-крал и заштитник на католичката црква.[2]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Статуата се наоѓа во базиликата „Голема Богородица“ во Рим. По влегувањето во тремот, статуата е на десниот ѕид.[3]

Историја[уреди | уреди извор]

Статуата првпат била предложена во 1643 година, но договор бил потпишан дури во 1664 година. Работата започнала истата година, а скулптурата била завршена во 1666 година.[4]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Фусноти
  1. Ostrow, p. 104
  2. Ostrow, p. 89
  3. Ostrow, p. 113
  4. Ostrow, p. 98
Библиографија 
  • Ostrow, Steven (1991). „Gianlorenzo Bernini, Girolamo Lucenti, and the Statue of Philip IV in S. Maria Maggiore: Patronage and Politics in Seicento Rome“. The Art Bulletin. 73 (1).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]