Прејди на содржината

Славица Николовска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Славица Николовска
Родена 1948 (воз. 75–76 г.)
Скопје, НР Македонија, ФНРЈ
Занимање глумица[[]]

Славица Николовска (родена во 1948 во Скопје) — македонска театарска, филмска и телевизиска глумица. По завршувањето на Театарската академија во Загреб, 1971 година, таа се вработила во Драмски театар - Скопје, каде се вклучила во работата на сите сцени, Куклениот, Детскиот, Малата и Вечерната сцена. Се истакнала пред сè како глумица од камерен тип. Нејзината глумечка игра ја одликувала лирска боја и поетско интонирани сценски толкувања.

Поважни театарски улоги[уреди | уреди извор]

  • Цвета – Свадба од В. Иљоски
  • Џеси – Дејството на гама-зраците врз сенишните невени од Пол Зиндел
  • Љубов – Чехов од Маљугин
  • Вали – Стапица од Т. Ружевиќ
  • Шортс – Дамите од Аламо од П. Зиндел
  • Болва во уво
  • Сомнително лице
  • Умна глава
  • Карамазови
  • Фоксфаер
  • Сказна за времето
  • Самоубиец
  • Балконот
  • Чест