Семејството Адамс

Од Википедија — слободната енциклопедија

Семејството Адамс е измислено семејство создадено од американскиот карикатурист Чарлс Адамс. Тие првично се појавиле во серија од 150 самостојни стрипови со еден панел, од кои околу половина биле првично објавени во списанието Њујоркер помеѓу 1938 година и смртта на нивниот творец во 1988 година. Оттогаш тие се прилагодени на други медиуми, како што се телевизија, филм, видео игри, стрипови, мјузикл и различни продукти.

Семејствито Адамс потекнуваат од стари пари и се чудна заедница кои уживаат во макабризмот и навидум не се свесни или не се грижат за тоа што другите луѓе ги перцепираат како бизарни или застрашувачки. Членовите на семејството биле неименувани до 1960-тите. Матријархот Мортиција и ќерката Венсдеј ги добиле своите имиња одкога била издадена лиценцирана колекција на кукли во 1962 година; патријархот Гомез и синот Пугсли се именувани при дебитирањето на телевизиската серија во 1964 година.[1] Семејството Адамс се состои од Гомез и Мортисија Адамс, нивните деца, Венсдеј и Пугсли, и членовите на блиското семејство чичко Фестер[б 1] и баба,[б 2] нивниот батлер Лурч и миленичето на Пугсли, октоподот, Аристотел. Ретко видениот објект (подоцна претставено како бестелесна рака) бил претставен во 1954 година, а братучедот на Гомез Ит, миленикот на Мортиција, лавот Кити Кат и на Мортиција месојадното растение Клеопатра во 1964 година. Пуберт Адамс, Венсдеј и братчето на Пугсли, се претставени во филмот Адамс - Семејни вредности од 1993 година.

Телевизиската акциона серија во живо била премиерана на ABC во петок, 18 септември 1964 година и се емитувала две сезони.[1] Подоцна дала инспирација за телефилмот од 1977 година насловен Ноќта на вештерките со новото семејство Адамс.Неповрзана анимирана серија била емитувана во 1973 година.

Франшизата била оживеана во 1990-тите со серијата играни филмови составена од Семејството Адамс (1991) и Семејните вредности на Адамс (1993). Филмовите инспирирале втора анимирана серија (1992–1993) која е сместена во истиот измислен универзум. Серијата била повторно започната со филм во 1998 година и спин-оф телевизиска серија во живо (1998–1999). Во 2010 година, музичка адаптација во живо со Нејтан Лејн и Бебе Нојвирт била отворена на Бродвеј со млаки критики, но добиле две номинации за наградите Тони [2] и осум Драма Деск награди, освојувајќи една Драма Деск награда за извонредна сценографија.[3] Серијата била повторно прикажана во 2019 година со анимираниот филм Семејството Адамс, кое довело до продолжението во 2021 година. Во 2022 година, Нетфликс дебитира со оригиналната серија Венсдеј, која е спин-оф од оригиналната серија од 1964 година.

Франшизата создала серија видеоигри, академски книги и саундтракови, кои се базирани на нејзината тематска песна номинирана за Греми. Како основен производ во поп-културата во времетраење од осум децении, Семејството Адамс има влијание врз американските стрипови, кино и телевизија. Готската субкултура и нејзината мода, исто така, биле под влијание на семејството Адамс.[4][5]

Позадина[уреди | уреди извор]

Оригиналните стрипови на Чарлс Адамс секогаш се состоеле од една слика која прикажува смешна ситуација. Адамс не им дал на своите ликови имиња или подлабоки личности сѐ до првиот ситком околу неговата креација.

Семејството се смета дека е последната гранка на Адамс клан. Сепак, има и други членови на семејството кои живеат на други места низ светот. Семејството живее во мрачна палата покрај гробишта и мочуриште на гребенот на гробиштата. Нивната куќа наликува на типична прогонувана куќа. Во подрумот, има комора за мачење со електричен стол.

Иако имаат настрани интереси, Адамсите не се во принцип зли луѓе. Тие во глобала се однесуваат учтиво кон другите, а понекогаш дури се подготвени да придонесат во добротворни цели или да дадат донации. Обично тие не се свесни како нивните гости го доживуваат нивниот животен стил.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Magazine, Smithsonian; Sauer, Patrick. „The Cultural History of 'The Addams Family'. Smithsonian Magazine (англиски). Посетено на 2023-12-15.
  2. „The Tony Award Nominations“. www.tonyawards.com (англиски). Посетено на 2023-12-15.
  3. „2010 Drama Desk Awards: nominations announced“. New York Theatre Guide (англиски). 2017-10-19. Посетено на 2023-12-15.
  4. „Types of Goths: 2. The Romantic Goth“. World Gothic Models. 19 January 2022.
  5. „Wild for Wednesday: The iconic character's influence on gothic fashion – Fashion North“. www.fashion-north.com.

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. Постојат канонски разлики помеѓу различните инкарнации на Фестер Адамс. Во двата играни филмови во живо, двата анимирани серии, телевизискиот филм од 1998 година и анимираниот филм од 2019 година, тој е претставен како брат на Гомез. Меѓутоа, во телевизиската серија од 1964 година, тој е претставен како вујко на Мортиција по мајка (преку нејзината мајка, Хестер Фрамп).
  2. Како Фестер, има канонски разлики помеѓу неколкуте инкарнации на Бабата Адамс (Мајката на Гомез). Во двата филма на акција во живо, двете анимирани серии и во телевизискиот филм од 1998, Бабата е претставена како мајка на Мортисија. Во неговите забелешки за оригиналниот цртан, Чарлс Адамс ја ословува како Баба Фрамп, со што ја прави баба по мајка на Венсдеј и Пагсли.:2 Во телевизиската серија од 1964 и анимираниот филм од 2019 е претставена како мајка на Гомез.