Прејди на содржината

Саб (роман)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Саб
АвторГертрудис Гомес де Авељанеда
ЗемјаКуба
ЈазикШпански
Издадена
1841

Саброман напишан од Гертрудис Гомес де Авељанеда и објавен во Мадрид во 1841 година.[1] Романот е насочен на ликот на Саб, мулатски роб кој е вљубен во ќерката на својот бел господар, Карлота. Болката од невозвратената љубов на Саб кон Карлота го води Саб до неговата сопствена смрт, која се случува за време на свадбата на Карлота со Енрике Отвеј. Романот бил објавен во Куба дури во 1914 година.

Саб е сметан од некои изучувачи како роман против ропството, а некои исто така предложуваат дека ја критикува установата брак.  Романот бил напишан една деценија пред „Колибата на чичо Том“ на Хариет Бичер Стоу. Според Нина М. Скот, Саб, исто како и романот на Бичер Стоу, го критикува ропството како поместување на она што Елизабет Амонс го нарекува „мајчински вредности од машката етика жедна за заработка [ропската економија] која ги смета човечките суштества како... стока.“[2] Објавувањето на Саб е сметано за претходник на противропските движења. 

За другиот вид критичари, Саб е „единствениот феминистичко-аболиционистички роман објавен од жена во Шпанија од деветнаесеттиот век или нејзината робовладетелска колонија Куба“.[3]

Заплет[уреди | уреди извор]

Романот е сместен на плантажа за шеќер сместена на половина пат помеѓу градот Санта Марија де Пуерто Принсипе (денешен Камагуеј) и селото Кубитас. Додека најголемиот дел од романот се одвива на плантажата, дел од него се случува во Пуерто Принсипе, во планините Кубитас и во северното пристаниште Гуанаја.[3] Енрике Отвеј, англиски трговец, бара да се ожени со Карлота затоа што мисли дека овој договор ќе му донесе пари. Како што се развива приказната, Саб дознава за нечесното однесување на Енрике и се обидува тајно да и помогне на Карлота.

Позадина[уреди | уреди извор]

Иако делото Саб првично било објавено во Мадрид во декември 1841 година,[3] Авељанеда започнала да ја пишува книгата во Куба и продолжила да работи на неа за време на двомесечното патување во Европа во 1836 година.[3]

Преводи[уреди | уреди извор]

Саб бил преведен на англиски од страна на Нина М. Скот во 1993 година и објавен од Прес на Универзитетот во Тексас.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Murray, Christopher John (13 мај 2013). ¤Encyclopedia of the Romantic Era, 1760–1850 (англиски). Routledge. ISBN 9781135455781.
  2. Gómez de Avellaneda, Gertrudis. Sab and Autobiography. Trans. and ed. by Nina M. Scott. U. of Texas Press, Austin, 1993, p. xxiv.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 Davies 2001.
  4. Gómez de Avellaneda, Gertrudis; Scott, Nina M. (1993). Sab ; and, Autobiography. Austin: University of Texas Press. ISBN 0-292-77655-1. OCLC 26133048.

Дополнителна книжевност[уреди | уреди извор]

  • Davies, Catherine (2001). „Introduction“. Sab. Hispanic Texts (англиски). Manchester University Press. ISBN 978-0719057069.

 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]