Прејди на содржината

Роберт Хори

Од Википедија — слободната енциклопедија
Фотографија од Роберт Хори

Роберт Кит Хори (роден на 25 Август, 1970 година) — пензиониран Американски кошаркар. Тој одигра 16 сезони во Националната Кошаркарска Асоцијација (НБА), освојувајќи 7 титули, најмногу од еден играч кој не играл за Бостон Селтикс од 60-тите. Тој е еден од само 2 играчи да освои НБА титули со 3 различни екипи: две со Хјустон Рокетс, 3 со Лос Анџелес Лејкерс и две со Сан Антонио Спарс. Поради неговите клучни шутеви на важните натпревари го доби прекарот “Голем Шут Роб”. Хори сега работи како коментатор за ЕСПН.

Средношколска и колеџ кошарка[уреди | уреди извор]

Роден во Харфорд Каунти, Мериленд, Хори израсна во Андалусиа, Алабама. Како сениор во Средното Училиште Андалусиа, тој ја освои наградата Нејсмит Алабама Играч на годината. Студираше на универзитетот Алабама на кошаркарска школарина, каде за сограч го имаше идниот колега НБА играч Латрел Спривел.

Во Алабама, Хори ги започна 108 од 133 натпревари на кои играше и им помогна на Тајд да освојат 3 титули на СЕК турнирот и 2 пати да се пласираат во НЦАА слатки 16 колото. Алабама забележа скор од 98-36 за време на неговите четири сезони, во кои Хори го сруши рекордот за блокади во кариерата (282). Беше избран на Се-Југоисточна Конференција, СЕК Се-Одбранбени И СЕК Се-Академски тимови.

Во НБА[уреди | уреди извор]

Хјустон Рокетс[уреди | уреди извор]

Хори беше избран како 11 избор на 1992 НБА драфтот од Хјустон Рокетс како ниско крило.. Ги помина првите четири сезони со Хјустон, помагајќи им да ја освојат титулата во 1994 И 1995 година. За време на финалето, Хори ги постави поединечните рекорди во НБА финалињата со седум украдени топку на еден натпревар[1] и пет тројки во една четвртина. Во годините поминати во Хјустон, Хори го носеше бројот 25.[2]

Во Февруари 1994 година, тој и Мет Булард беа разменети во Детроит Пистонс за Шон Елиот, но Елиот не го помина физичкиот тест поради проблем со бубрезите и размената беше зауставена. Хори изјави дека пропаднатата размена најверојатно му ја спаси кариерата. Хори стана клучен член на шампионските тимови на Хјустон, ја започна својата “Голем Шут Роб” репутација[3] со скок шутот за победа во последните секунди на првиот натпревар во Финалето на Западната Конференција во 1995 година против Сан Антонио Спарс и давајќи го клучниот кош во 106-103 победата во третиот натпревар од НБА Финалето против Орландо Меџик. По победата во НБА Финалето од 1995 година, Хори и Хјустон ќе ја освојат својата втора титула. Хори изјави дека од сите 7 титули, на оваа е најмногу горд.[4]

Феникс Санс[уреди | уреди извор]

На 19 Август, 1996 година, Хори беше разменет во Феникс Санс заедно со Сем Касел, Чаки Браун и Марк Брајант за поранешниот НБА Најкорисен Играч, Чарлс Баркли. Хори имаше прекирка на теренот со тренерот Дени Ејнџ, во која Хори фрли крпа кон Ејнџ.

Лос Анџелес Лејкерс[уреди | уреди извор]

Инцидентот доведе до суспензија за Хори и размена во Лос Анџелес Лејкерс на 10 Јануари, 1997 година, за Седрик Себалос. Бидејќи Лејкерс го имаа пензионирано бројот 25 во чест на Гери Гудрич, Хори го носеше бројот 5. Хори беше член ан Лејкерс кога тие освоија три последователни титули (2000, 2001 и 2002) и кога им требаше најмногу, тој погоди клучни плејоф кошеви, со што ја зајакна својата репутација.

За време на тригодишната доминација на Лејкерс, Хори погоди тројка за добивање на натпреварот барем еднаш во четири последователни плејоф серии (почнувајќи со 2001 НБА Финалето), но ниедна не беше поважна од онаа во 4 натпревар од Финалето на Западната Конференција во 2002 година против Сакраменто Кингс. Со негативе од два натпревари спрема еден во серијата и пред четврти натпревар во кој Лос Анџелес, Лејкерс губеа дури со 24 бода во првото полувреме. Малку по малку, Лејкерс го намалија водството на 99-97 на 11 секунди до крајот на натпреварот. Во поседниот напад, по последователните промашувања на соиграчите Коби Брајант и Шекил О’Нил, центарот на Сакраменто Владе Дивац ја одби топката што подалеку од кошот во обид да истече што повеќе време и да заврши натпреварот. Топката се одби до Хори, кој погоди тројка со истекот на времето. Лејкерси победија во 4тиот Натпревар со100-99 и на крај ја освоија серијата. Лејкерс потоа ги смачкаа Њу Џерси Нетс 4-0 во НБА Финалето.

Слична ситуација на таа се случи на 5 Март, 2003 година во натпреварот против Индијана Пејсерс, кога при изедначен резултат 95-95, кога центарот на Индијана Џермејн О’Нил ја одби асистенцијата за Шекил О’Нил право во рацете на ширум отворениот Хори кој смирено го погоди победничкиот шут.

Во 2003 плејофот, Лејкерс се обидуваа да ја освојат четвртата последователна титулар. Но во 5тиот Натпревар во полуфиналето на Западната Конференција против Сан Антонио, обидот на Хори за уште ден победнички кош се отркала од обрачот на 5 секунди до крајот, убивајќи го враќањето на Лејкерс од негатива од 25 бода. Хори шутираше 0-18 зад линијата за тројка во серијата и Лејкерс беа елиминирани во шест натпревари.

Сан Антонио Спарс[уреди | уреди извор]

По 2002-03 сезона, Хори стана слободен агент. Наведувајќи загриженост за семејството, кое живее во Хјустон, Хори потпиша со Сан Антонио Спарс. За време на 2002-2003 сезона, Лејкерс се потпираа повеќе на Хори. Со Сан Антонио, тренерот Грег Попович сериозно му ја намали минутажата, што резултираше во обновен успех.

За време на 2004-05 сезоната, Сан Антонио се пласираа и успеаја да го освојат 2005 НБА Финалето. Хори играше значајна улога во успехот на тимот, шутирајќи 38 од 85 зад линијата за 3 бода во 2005 Плејофот. Во 5тиот Натпревар од 2005 НБА Финале против Детроит Пистонс, Хори покажа нови херојства во четвртата четвртина за да го одведе Сан Антонио до победа и 3-2 водство во серијата против Детроит. Хори даде 21 бод во четвртата четвртина и продолжението. Сан Антонио победија на 5 натпревар со 96-95 по тројката за победа на Хори во последните секунди. По добивањето на серијата во седум натпревари, Сан Антонио ја освоија третата НБА Титула во седум сезони и Хори го доби шестиот шампионски прстен. Хори продолжи да го носи бројот 5 по доаѓањето во Сан Антонио. Тој почна да го носи бројот 25 по 2004-05 сезона.

За време на 2007 НБА Плејофот, Хори го подбутна со колкот плејмејкерот на Феникс Санс, Стив Неш што резултираше во намерна лична грешка за Хори. Во немирите кои следеа, на Раџа Бел му беше дадена техничка грешка за стрчувањето кон Хори. Хори беше исфрлен од натпреварот и суспендиран за 5тиот И 6тиот Натпревар. Амаре Стадемаер и Борис Дио кои ја напуштија клупата, беа суспендирани за 5тиот Натпревар. Сан Антони ги добија двата натпрвара И потоа се пласираа во 2007 НБА Финалето, каде што ги растурија Кливленд Кавалиерс без пораз, освојувајќи ја четвртата НБА титула и седмиот поединечен прстен за Хори.

Во изминатите две постсезони (плејоф), Хори беше критизиран за неговиот тежок фаул врз Стив Неш од Феникс Санс во 2007 година и за фаулот над Дејвид Вест од Њу Орлеанс Хорнетс во 2008 година, поттикнувајќи некои незадоволни навивачи да го викаат “Низок Удар Роб” По 2007-08 сезона, Роберт Хори стана слободен агент, но не потпиша за никого, што означи крај на неговата про кариера.

Постигнувања[уреди | уреди извор]

Хори го освио својот седми шампиoнски прстен како член на Сан Антониво во 2007 година.[5] Тој е еден од само девет играчи кои освоиле 7 или повеќе титули во НБА и единствен од тие кој не играл за Бостон Селтикс од 60-тите. Роберт Хори е еден од три играчи кому му пошло од рака да освои последователни НБА Титули со две различни екипи.[6] Во 2005 година тој му се придружи на Џон Сали како единствени играчи кои освоиле НБА прстени со три различни тима. Тој е прв на списокот на сите времиња по одиграни плеоф натпревари, поминувајќи го Карим Абдул-Џабар за време на 2008 плејоф.[7]

Хори го држи рекордот за тројки на сите времиња во НБА Финалето со 53, поминувајќи го претходниот рекорд на Мајкл Џордан од 42. Тој го држи НБА Плејоф рекордот за најмногу троки на еден натпревар без промашување (7) против Јута Џез во 2 Натпревар од Полуфиналето на Западната Конференција од 1997 година. Хори има просек во регуларната сезона од 7,2 бода, 4,9 скока и 2,2 асистенции по натпревар.

Совпаѓачки кариери[уреди | уреди извор]

Xори И Стив Кер, уште еден познат резервен играч и шутер во клучните моменти, се менуваа во освојувањето НБА титули цела декада и заедно освоија 12 Титули во период од 14 години. Еден од Кер или Хори беше на списокот на тимот во НБА Финалето од 1993-94 сезона па сè до 2002-03 сезона, од која секоја од нив заврши со победа. Тимовите на Хори беа победнички во НБА Финалето од 1994, 1995, 2000, 2001, 2002, 2005 И 2007 година, додека тимовите на Кер беа победници во НБА Финалето од 1996, 1997, 1998, 1999 И 2003 година. Секој од нив освои три титули играјќи за тимови водени од Фил Џексон и две со Сан Антонио Спарс.

Значајни шутеви во плеојофот[уреди | уреди извор]

  • 22 Мај, 1995 година - 1 Натпревар од Финалето на Западната Конференција - Хјустон Рокетс кај Сан Антонио Спарс

Хори погоди скок шут на 6,5 секунди до крајот на натпреварот да го одведе Хјустон до 94-93 победа против Сан Антонио Спарс пред над 35 000 навивачи во Аламодом.[8]

  • 11 Јуни 1995 година - 3 Натпревар од НБА финалето - Орландо Меџик кај Хјустон Рокетс

На само 14 секунди до крајот И при водство на Хјустон од 1 бод и со истекот на времето за напад, Хаким Олајџувон му додаде на Хори, кој погоди тројка над играчот на Орландо Хорас Грент, даведувајќи ги Хјустон до 104-100 предност и носејќи ги до 106-103 победа и 3-0 водство во серијата на пат до титулар без пораз во финалето и две последователни титули

  • 6 Мај, 1997 година - 2 Натпревар во Полуфиналето на Западната Конференција - Лос Анџелес Лејкерс кај Јута Џез

Хори ги погоди сите седум обиди за тројка. Сепак, ова се покажа како недоволно бидејќи Лејкерс го изгубија 2риот Натпревар со 103-101 и на крај серијата со 4-1. При изедначен резултат од 1-1, Филаделфија беше само бод негатива на помалку од една минута до крајот и без Шекил О’Нил во петорката поради шест лични грешки. Брајан Шо го најде Хори во ќошето и тој исцепи тројка на 47,1 секунди до крајот со што ги доведе Лејкерс до недостижна предност од 4 бода. Хори, со 44% шут од линијата за слободни во плејофот до тој момент, исто така погоди 4-4 слободни фрлања со последната минута да ја осигура победата. Филаделфија никогаш не се опорави.

  • 28 Април, 2002 година - 3 Натпревар од Првото коло од Западната Конференција - Лос Анџелес Лејкерс кај Портланд Треилблејзерс

Со негативa од 2 бода на 10,2 секунди до крајот, Кобе влезе покрај Рубен Патерсон и му асистира на Хори, кој погоди тројка за победа.

  • 26 Мај, 2002 година - 4 Натпревар од Финалето на Западната Конференција - Сакраменто Кингс кај Лос Анџелес Лејкерс

Сакраменто водеа со 99-97 на две секунди до крајот кога центарот Владе Дивац ја удри топката надвор од рекетот откако Шекил О’Нил промаши положување. Топката се одби до Хори кој погоди тројка за победа со истекот на времето да им даде победа на Лејкерс од 100-99. Наместо да бидат во негатива од 3 натпревари спрема 1, шутот ја изедначи серијата на 2-2 и им дозволи на Лејкерс да ги победат Сакраменто во 7 Натпревари на патот до третата последователна титула.[9]

  • 19 Јуни, 2005 година - 5 Натпревар од НБА Финалето - Сан Антонио кај Детроит Пистонс

Хори ја изведе топката до Ману Џинобили кој беше заробен од два одбранбени играчи на Детроит. Џинобили ја врати топката до Хори на левото крило, кој тогаш погоди тројка на 5,9 секунди до крајот да им даде победа од 96-95 на Сан Антонио и 3-2 предност во серијата пред 6тиот Натпревар. Хори постигна вкупно 21 бод, во четвртата четвртина и продолжението со што ги предводеше борбените Сан Антонио.

  • 30 Април, 2007 година - 4 Натпревар од Првото Коло на Западната Конференција - Сан Антонио Спарс кај Денвер Нагетс

Сан Антонио имаа бод предност на 30 секунди до крајот кога Хори погоди тројка за обезбедување на победата, донесувајќи им ја на Сан Антонио петтата последователна плејоф победа во Денвер.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Robert Horry bio Архивирано на 29 мај 2008 г., NBA.com
  2. Houston Rockets uniform number history Архивирано на 19 јуни 2017 г.. BasketballReference.com
  3. "There will never be another player quite like Big Shot Rob" Архивирано на 4 ноември 2013 г.. ESPN
  4. „NBA Finals Package: NBA Living History“. go.com. Архивирано од изворникот June 14, 2009. Посетено на March 14, 2018.
  5. Parker, Ginobili spark Spurs to fourth NBA championship Архивирано на 16 август 2007 г., June 14, 2007
  6. "Spurs: By the Numbers". nba.com, June 6. 2007. Retrieved October 19, 2007.
  7. Robert Horry bio Архивирано на 7 ноември 2017 г.. basketball-reference.com
  8. DuPree, David (May 26, 2005). „Horry sparks San Antonio“. USA Today. Архивирано од изворникот February 12, 2011. Посетено на May 22, 2010.
  9. „Where Legends Are Born: Robert Horry“. NBA.com. June 20, 2005. Архивирано од изворникот на June 26, 2007. Посетено на May 16, 2007.