Ристо Рубаноски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Ристо Рубаноски
Роден 27 април 1921
Елшани, Македонија
Починал 1944
Црна Трава, Србија

Ристо Климев Рубаноски (27 април 1921 во Елшани, Охридско1944 во Црна Трава, Србија) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

— роден на 27 април 1921 година во с. Елшани. Во септември 1943 доброволно стапува во Преспанскиот одред. Во состав на батаљонот „Стив Наумов“ се префрла во Кумановско. Загинува како командир на чета во Третата македонска ударна бригада, во борбите со бугарските окупаторски војски кај Црна Трава (Србија) во пролетта 1944 година.[1]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Мишо Јузмески: „Елшани - живот меѓу каменот и водата“, Елшани 2009