Религија во Данска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Верници во Данска
Евангелисти околу
  
31 %
Муслимани
  
3,7 %
Будисти
  
0,1 %
Хиндуисти
  
0,1 %
Нерелигиозни околу
  
60 %

Од поголемиот број на религиозни заедници во Данска, една од најголемите е Лутеранската Црква на Данска, која е официјална државна религија. Втората најголема религиозна организација е исламот, поради масовните имиграции кон крајот на XX век.

Во принцип, Данците не се многу религиозни, а како факт се зима премалата посетеност на црквата од страна на населението. Според податоци од 2005 година изврѓени од страна на Зукермен [1] Архивирано на 22 август 2009 г., Данска е третата земја во Европа со највисок процент на атеисти највисок процент на атеисти, кој процент се движи помеѓу 43% и 80%. Според друго истражување, онаа на Евробарометар од 2005 година,[1] 31% од граѓаните на Данска одговориле дека "тие веруваат во Бог". Иако Божик се смета за дански прзник, истиот главно произлегува најверојатно од нејзините културни традиции.

До крајот на 2007 година, 82,1% [2] биле членови на Евангелска Лутеранска црква, чиј процент во 2008 година се намалил на 81,5%[3]. Сепак, овој податок е сличен и кај останатите земји од Скандинавија, северозападна Европа и Британија.

Според Одделението за проучување на религијата на Универзитетот во Орхус, Данска, исто така, постојат околу 20.000 верници на будизмот во Данска.[4], а вкупниот процент на муслимани во Данска е околу 3,7%.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Eurobarometer on Social Values, Science and technology 2005 - page 11“ (PDF). Посетено на 2007-05-05.
  2. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-05-27. Посетено на 2009-10-14.
  3. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2011-11-12. Посетено на 2009-10-14.
  4. „Journal of Global Buddhism, Article by Jørn Borup, Department of Study of Religion at University of Aarhus, Denmark. 2008, based on research from 2005“. Архивирано од изворникот на 2012-02-16. Посетено на 2009-10-14.