Во средниот век, подрачјето на округот било во состав на Грофовијата Берг, од каде произлегува неговото денешно име.
Во 1816 г. целата Рајнска област влегла во Прусија, а на оваа територија властите ги создале окрузите Виперфирт, Золинген, Ленеп, Милхајм и Опладен. Три години подоцна, Золинген и Опладен се споени во поголемиот округ Золинген. Во 1929 г. е создаден новиот Рајнско-вуперски округ, а неколку од општините влегле во веќе пораснатите градови Вупертал, Ремшајд и Золинген. Во 1932 г. се споени Милхајм и Виперфирт, образувајќи го Рајнско-бершкиот округ, кон кој во 1975 г. е придодадена и територијата на Рајнско-вуперскиот округ.