Рашки Округ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Рашки Округ
Рашки округ
Raški okrug
Округ во Србија
Слики од Рашкиот Округ
Местоположба на Рашкиот Округ во Србија
Местоположба на Рашкиот Округ во Србија
Држава Србија
РегионШумадија и Западна Србија
Административен центарКраљево
Управа
 • Началник на округотНебојша Симовиќ
Површина
 • Вкупно3,918 км2 (1,513 ми2)
Население (2011)
 • Вкупно309,258
 • Густина78,9/км2 (204/ми2)
ISO 3166RS-18
Општини3 и 2 града
Населби359
- Градови9
- Села350
Мреж. местоraski.okrug.gov.rs

Рашки Округ — округ во југозападниот дел на Република Србија. Вклучува два града и три општини. Има вкупно население од 309.258 (Попис 2011 година). Седиштето на округот е во градот Краљево.

Во околината на Краљево се наоѓа „мајката на сите цркви“ - манастирот Жича. Овој духовен центар на српската средновековна држава е изграден околу 1220 година кога манастирот Жича станал центар на новооснованата српска архиепископија.

Манастирот Студеница бил изграден кон крајот на 12 век, како задужбина на Стефан Немања, кој богато го опремил со икони и книги. Кога се замонашил и отишол во Хиландар, за манастирот се грижел неговиот постар син Стефан, подоцна наречен Првовенчани.

Недалеку од Нови Пазар се наоѓа манастирот Сопоќани, изграден како здужбина на кралот Стефан Урош I, син на кралот Стефан Првовенчани. Сопоќани е изграден околу 1260 година. Основна и најголема вредност на Сопоќани се фреските, според кои овој манастир е еден од најдобрите примери на европското средновековно сликарство.

Административна поделба[уреди | уреди извор]

Рашкиот Округ опфаќа два града и три општини.

Име Грб Жители (2011)
Град Краљево 125.488
Град Нови Пазар 100.410
[[]]Општина Врњачка Бања 27.527
Општина Рашка 24.678
Општина Тутин 31.155

Демографија[уреди | уреди извор]

Територијална поделба на Рашкиот Округ

Според последниот официјален попис спроведен во 2011 година, Рашкиот Округ брои 309.258 жители. 53,2% од населението живее во урбани средини. Етничкиот состав на округот е даден во следната табела:[1]

Етничка група Жители
Срби 188.208
Бошњаци 105.488
Муслимани 5.255
Ромит 2.435
Црногорци 740
Горанци 334
Македонци 289
Албанци 267
Хрвати 215
Југословени 214
Други 5.813
Во целост 309.258

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Попис становништва, домаћинстава и станова 2011. у Републици Србији“ (PDF). stat.gov.rs. Republički zavod za statistiku. Посетено на 15. 12. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]